Европа
Католичката црква во Полска во центарот на скандал: група свештеници организирале секс-забава со машка проститутка
Католичката црква во Полска се најде во центарот на скандал кога група свештеници организирале секс-забава на која машка проститутка била онесвестена. Најпрвин свештениците повикале брза помош, но подоцна не сакале да ги пуштат болничарите во зградата во сопственост на црквата. Потоа тоа била повикана полиција, а целиот случај завршил во медиумите.
Претходната недела, Gazeta Wyborcza објави дека свештениците во Даброва Горница, град во јужна Полска, организирале забава во зграда што ѝ припаѓа на парохијата, на која била поканета машка проститутка.
„Инцидентот беше чисто сексуален по природа“, изјави за весникот неименуван извор запознаен со инцидентот. „Учесниците на настанот зедоа лекови за зголемување на потенцијата“, посочил тој, пренесува медиумот.
Gazeta Wyborcza објави дека „забавата излегла од контрола и машката проститутка изгубила свест“, што предизвикало итен повик. Кога пристигнале болничарите, им било забрането да влезат во просториите. Болничарите потоа наводно повикале полиција, која им помогнала да стигнат до човекот што паднал во несвест.
Портпаролот на локалното обвинителство за Gazeta Wyborcza изјави дека е почната истрага за можното неукажување помош на лице чие здравје е загрозено, што е кривично дело казниво до три години затвор.
Како одговор на прашањата на весниците, локалната католичка курија потврди дека имало инцидент со „интервенција на службите за итни случаи и полицијата во зграда што ѝ припаѓа на парохијата“. Се вели дека бискупот назначил комисија итно да објасни што се случило.
Од таму во следното соопштение имаат објавено дека „досегашните наоди на комисијата се разликуваат од информациите изнесени од некои медиуми“.
Настаните потоа добија дополнителен драматичен пресврт кога некој ги запали вратите на базиликата во парохијата, каде што се случи наводниот инцидент. Пожарникарите го изгаснале пожарот и нема повредени. Полицијата подоцна приведе маж осомничен дека го подметнал пожарот, пренесува медиумот.
Претходниот петок, беше објавено дека свештеникот во чиј стан се случил наводниот инцидент е отстранет од сите црковни должности „до разјаснување на случајот“.
Во меѓувреме, неделниот католички магазин Niedziela објави дека ја прекина соработката со Томаш З., кој претходно беше главен уредник на локалното издание Sosnowiec.
Минатата недела во сите цркви во епархијата беше прочитано писмо од епископот Гжегож Кашак. Тој се осврна на „болните настани во Даброва Горница“ и вклучените „засрамени свештеници“, но без да спомене никакви детали за тоа што се случило.
„Им се извинувам на сите што беа погодени и тажни, па дури и понижени од оваа ситуација“, напиша бискупот. „Би сакал цврсто да нагласам дека нема согласност за морално зло. Секој што ќе биде прогласен за виновен, ќе биде казнет според канонското право, без оглед на пресудата на граѓанскиот суд“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.