Европа
Поранешен руски пратеник убиен во центарот на Киев
Поранешниот руски пратеник Денис Вороненков, кој откако во Русија беше обвинет за финансиски измами пребегна во Украина е убиен во четвртокот во центарот на Киев, објави полицијата на украинската престолнина, до дека претседателот Петро Порошенко веднаш изјави дека станува збор за „терористички чин“.
Според началникот на полицијата на Киев, Андреј Кришченко, нападнати биле неколку бизнисмени пред влезот во хотелот „Премиер палас“, Според полицијата убиецот најмалку двапати стрелал во Денис Вороненов, најверојатно од пиштол од марката „ТТ“, а еден од истрелите бил фатален. Исто така ранет е и еден од телохранителите на Вороненков кој возвратил со оган кон напаѓачот.
Ранетиот напаѓач е сместен на одделот за интензивна нега во една од киевските болници. Според медиумските извештаи, тој бил во бесознание, но неговата повреда не опасна по животот.
Поранешниот пратеник Илја Пономарев, кој од 2015 година исто така живее во Украина, тврди дека атентатот врз Вороненков бил извршен кога тој пошол на договорена средба со него.
Убиецот на Вороненков, бил баран поради сомневања за фиктивни бизниси и перење пари стекнати од криминални активности и кај себе имал украински исправи, објави украинскиот портал Обозревател, кој се повикува на свои извори.
Вороненков, откако избега од Русија каде што е осомничен за финансиски малверзации во почетокот на 2010-те години, живее во Украина, и беше сведок на суд против поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, кој беше соборен од власта со бунтот на Мајдан во февруари 2014 година
Истрагата се сомнева во нарачано убиство. Во октомври 2016 година Вороненков со сопругата Марија Максаова, пребега во Украина. Во декември доби украинско државјанство по сведочењето против Јанукович.
Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека станува збор за „терористички чин“, како и дека не било случајно тоа што убиството се случило истиот ден кога се случи и експлозија и пожар во складиште за оружје на истокот од Украина.
Од руската страна се огласија неколку пратеници кои потсетуваат дека во Украина последните години се случија неколку атентати врз новинари, политичари и познати бизнисмени.
Реакцијата на Порошенко на убиството на Вороненков е апсолутно без преседан и апсурдна“, смета заменикот претседател на комисијата за одбрана и безбедност на рускиот парламент, Франц Клинцевич. Според него, „на такво ниво со вакви обвинувања не треба да се избрзува… А обидот да се поврзе убиството на Вороненков со пожарот во складиште е врв на апсурдноста“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.