Европа
Баварскиот премиер предизвика реакции со планираниот пат во Русија
Хорст Зехофер, баварскиот премиер и претседател на Христијанско-социјалната унија (CSU), сестринска партија на Христијанско-демократската унија (CDU) на германската канцеларка Ангела Меркел, се најде на удар на критиките откако најави дека оваа седмица ќе патува во руската престолнина Москва, каде треба да се сретне со претседателот Владимир Путин, во периодот која по меѓусебните обвинувања за мешање во внатрешните работи односите меѓу двете земји се на ногу ниско ниво.
„Хорст Зехофер е изразит противник на бегалската политика на Ангела Меркел и се надевам дека ќе се откаже од патот во Москва. Русија ги поддржува екстремните десни сили, па и тука во Германија. Доколку Зехофер замине во Москва, мора да домаќините јасно да им даде до знаење да прекината со пропагандните акции во Германија“, изјави претседателот на комисијата за надворешнополитички работи во Бундестагот од пратеничката група на владејачката Унија CDU/CSU, Родерих Кјесветер за дневниот весник Welt am Sonntag.
Со тоа Кјесветер алудираше на случајот на едно руско девојченце кое живее во Берлин и за кој пишуваа германските и руските медиуми, кои инаку се многу популарни меѓу руските доселеници и ткн руски Германци потомци на германското малцинство кое во 1990-те се доселиле во Германија. Според сторијата, девојченцето било грабнато и со денови силувано од арапски бегалци, што предизвика анти-бегласки протести во Берлин на руско-германската заедница.
Во случајот се вмеша и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кој ја критикуваше германската полиција дека ја сокрива вистината од јавноста, како што тоа го правеше со масовните напади во Келн и другите германски градови на новогодишната ноќ, кога по речиси десет дена објави дека биле пријавени илјадници случаи на кражби и сексуални напади, меѓу кои и силувања, за кои се обвинети имигранти.
Германската истрага, пак, тврди дека наводно 13-годишнто девојче ноќта ја минало кај пријатели, бидејќи се криела од родителите поради лошите оцени на училиште и тврди дека руските медиуми користеле „платени“ сведоци.
Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнамер ја обвини Русија за дестабилизирање во рамките на руската заедница во Германија, и обид да се влијае врз либералната германска политика кон бегалците.
Притоа не се осврна на забелешките и опомените од руската дипломатија кога во германските политичари лично се појавуваа меѓу прозападните демонстранти во Киев кога беше соборен прорускиот претседател Виктор Јаниукович, што подоцна доведе до конфликтот во источна Украина каде што е доминантно рускојазичното и руско население.
Во атмосферата на овие настани и генералната секретарка на Социјалдемократската партија на Германија (SPD), која заедно со унијата CDU/CSU ја сочинува ткн голема коалиција на власта, Катарина Барлеј, исто така го критикуваше патувањето на Зехофер во Мосвка,
„Зехофер ја користи секоја можност што ќе му се укаже за да ја критикува бегалската политика на Ангела Меркел, Топло се надевам дека неговата посета на Русија не оди во таа насока“.
Зехофер ги отфрла критиките дека Минхен води паралелна надворешна политика со Берлина, и за јавната телевизија ZDF појасни дека во Москва патува, во прв ред, поради јакнењето на економските врски меѓу Баварија и Русија.
Портпаролот на владата на Меркел изјави дека Берлин е запознаен со патувањето на Зехофер во Москва и дека таа го поддржува тоа патување. Истовремено истакна дека Зехофер е „запознаен со европските насоки во однос на политиката кон Русија, особено во светлината на украинската криза“, со што на баварскиот премиер му е испратена пораката дека треба да води сметка за тоа какви се односите последните години меѓу двете земји./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.