Европа
Die Welt: Европа трага по осуммина за нападите во Брисел и Париз
Европските безбедносни агенции се во потрага по најмалку осум осомничен за кои се смета дека помагале во изведувањето на терористичките напади во Брисел и Париз, објави во својот неделен број германскиот весник Die Wlet.
Повикувајќи се на безбедносни извори, весникот пишува дека се верува дека тие осуммина осомничени, од кои повеќето се француски и белгиски државјани, се наоѓаат или во Сирија или се во бегство низ Европа.
Весникот, исто така, наведува дека осомничените биле во контакт со Абделхамид Абауд, за кој се претпоставува дека бил главниот организатори и водач на џихадистите кои ги извршија нападите ланскиот 13-ти ноември во Париз во кои беа убиени 130 луѓе, а кој беше убиен на 18-ти ноември во Сен Дени, предградие на француското престолнина.
Лицата по кои се трага биле во контакт и со Салах Абдеслам, главниот осомничен за учество и соработка со терористичката група која ги изврши париските атентати и единствениот преживеан, а пред десет дена беше уапсен во Брисел по куса престрелка со белгиската полиција.
Бирото на германската федерална криминалистичка полиција BKA е вклучено во европската истрага, наведува Die Welt./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Уште едно фијаско на најсмртоносното оружје на светот на Путин
Руската интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“, попозната како „Сатана II“, доживеа уште еден неуспешен тест. Хиперсоничниот проектил, честопати опишуван како најсмртоносното оружје на светот и способен да носи нуклеарни бојни глави, експлодира и се урна само неколку секунди по полетувањето од полигонот „Јасни“ во рускиот регион Оренбург, објавија странските медиуми.
The Sarmat ICBM had a failed launch. So much for Russia’s so-called wonder weapon. They’d end up blowing themselves up. pic.twitter.com/Pvbun7AYRq
— PaulC (@PaulConRO) November 29, 2025
„Сармат РС-28“ наводно скршнал од курсот исфрлајќи црни облаци од чад пред огнените остатоци да се срушат на земјата. Ракетата се урнала во близина на лансирната рампа создавајќи огромна огнена топка и исфрлајќи необичен чад во небото.
Ова е петтиот неуспешен тест лет за стратешката ракета, што ѝ предизвикува главоболки на Москва. Да потсетиме дека за време на претходниот тест во септември 2024 година ракетата експлодира во космодромот „Плесецк“, речиси 800 километри северно од Москва, оставајќи зад себе огромен кратер.
Европа
Кремљ: Го освоивме Покровск
Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.
Песков рече дека претседателот Владимир Путин бил информиран. Нема потврда од Киев. Руските сили наводно го окупирале и градот Вовчанск во соседниот Харков. Тврдењата не можеа да бидат независно потврдени, иако украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Париз изјави дека интензивните борби продолжуваат околу Покровск и во Харков.
Набљудувачите сугерираат дека руското соопштение за воените придобивки би можело да биде темпирано пред очекуваната посета на американскиот специјален претставник Стив Виткоф на Москва утре, додека Кремљ се обидува да покаже напредок пред разговорите за евентуален мировен план.
Европа
Мерц: Европејците ќе се спротивстават на наметнатиот мир врз Украина
Европејците ќе се спротивстават на „наметнат мир“ врз Украина, потврди денес германскиот канцелар Фридрих Мерц пред планираната средба меѓу претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
„Следиме јасна линија, нема одлука за Украина и Европа без Украинци и без Европејци, не може да се наметне мир зад грбот на Украина, нема слабеење или поделба на Европската Унија и НАТО“, рече германскиот лидер по телефонскиот разговор со неговите украински, француски, британски и полски колеги.
Мултилатералната средба се одржа додека Мерц беше домаќин на полскиот премиер Доналд Туск во Берлин, а францускиот претседател Емануел Макрон го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз. Двајцата претходно разговараа со претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и украинскиот преговарач Рустем Умеров, соопшти Елисејската палата.
Туск: Едногласни сме
„Во Украина, единството на Европа е исто така во прашање“, рече Мерц, додавајќи дека големите европски земји, вклучувајќи ги Полска и Германија, имаат „посебна одговорност да обезбедат дека ништо и никој не ја дели Европа“.
Според симултаниот германски превод, Доналд Туск рече дека Европејците се „едногласни“ по ова прашање и се „целосно посветени на продолжување на целосната поддршка на Украина во нејзината одбрана во војната против Русија“.

