Европа
Екстремистичка група која планира напади во западните земји ја напуштила Сирија
Милитантна група за која се сомнева дека подготвува напади во западните земји ја напуштила Сирија и според информации на полицијата во Норвешка најверојатно една од можните цели е токму оваа земја.
Вооружени полициски патроли веќе два дена се разместени на најразлични локации во Норвешка, вклучувајќи ги и аеродромите и железничките станици, откако полициската разузнавачка служба добила доверливи информации за подготовки за напад во наредните денови.
„Добивме информации дека една група борци ја напуштиле Сирија со цел да извршат терористички напади во западните земји, а Норвешка е спомената како една од нивните цели“, соопшти Џон Фитје Хофман, главен аналитичар на полициските безбедносни служби.
Тој не сакал да каже дали борците на некој начин се поврзани со Норвешка или дали се дел од муслиманската заедница во оваа земја.
Полицијата претходно објави дека околу 50 лица отпатувале во Сирија во последниве неколку години каде се борат во редовите на радикалните исламистички групи, како и дека половината од нив се вратиле во Норвешка.
Данска и Шведска, исто така, биле предупредени дека лицата кои патуваат во Сирија и кои таму минуваат борбена обука претставуваат зголемен безбедносен ризик./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

