Европа
ЕУ одговори на рускиот извештај за неонацизмот: неточен и селективен
Извештајот на руското министерство за надворешни работи за неонацизмот во западните држави содржи фактички неточности и селективни информации, а исто така и географски е нецелосен, се наведува во заедничкиот одговор на државите членки на Европската унија на рускиот извештај, кој го упати шефот на делегацијата на ЕУ во Њујорк (EUDEL) и побара дистрибуција на одговорот како официјален документ на Генералното собрание и Советот за безбедност на Обединетите нации.
Во одговорот се наведува дека ЕУ е запознаена со тоа дека руското министерство за надворешни работи го објави извештајот „Неонацизмот – опасна закана за човековите права, демократијата и владеењето на правото“ кон крајот на април 2015 година, како и дека Русија барала тој да циркулира како документ на Обединетите нации.
„Извештајот на руското министерство за надворешни работи содржи фактички неточности и селективни информации за состојбите во Европската унија и нејзините земји членки. Извештајот, исто така, е географски нецелосен. На пример, недостига поглавјето за ситуацијата во Русија“, се наведува во заедничкиот одговор на ЕУ.
Се изразува и жалење поради тоа што Русија „се обидува да повлече паралели меѓу сегашни и минати политичка настани во контекстот на актуелните кризи“. Се истакнува и дека ЕУ е „предадена на глобалната борба против расизмот, расната дискриминација, ксенофобијата и сродните облици на нетолеранција, вклучително и антисемитизмот и неонацизмот“.
„Европската унија и нејзините земји членки продолжуваат со преземањето решителни чекори по тоа прашање дома, меѓу другото и во контекстот на Рамковната одлука за борбата против одредени форми и изрази на расизам и ксенофобија. Нивната осуда и борбата мора да бидат заеднички консензуален приоритет за целата меѓународна заедница“, се вели во извештајот.
На крајот од својот одговор, Европската унија ги повика сите држави членки на Обединетите нации да останата обединети во борбата против расизмот, расните дискриминации, ксенофобија и сродните форми на нетолеранција, вклучително и антисемитизмот и неофашизмот, како и да се преземат решителни мерки против злосторствата од омраза и говорот на омраза, како и да соработуваат во оваа сфера.
Руското министерство за надворешни работи кон крајот на април формално по повод 70-годишнината од победата над нацизмот во Втората светска војна го објави извештајот „Неонацизмот – опасна закана за човековите права, демократијата и владеењето на правото“. Во него се зборува за 28-те земји членки на ЕУ, за САД, Канада, Норвешка Швајцарија и Украина и се критикува јакнењето на екстремните десни, националистички и неонацистички политички движења во Европа и на европските власти им се забележува недостиг од волја за засилени мерки против таквите појави./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Намалениот број на станови доведе до раст на кириите во Германија
Растат кириите во Германија поради немањето станови во услови на високи градежни трошоци и кредити. Сето тоа го запре градежниот сектор и побарувачката, но и ги намали цените на квадратот, се вели во извештајот на здружението на банките.
Становите во Германија поевтиниле за 4,3 отсто во првиот квартал во однос на истиот период лани, објави здружението на германските банки„Pfandbrief“.
Цените за изнајмување на нови станови се зголемени за 5,6 отсто. Трендот на поскапување на кириите нема да запре, оценуваат од здружението.
„Пазарот за изнајмување станови е под огромен притисок. Побарувачката значително ја надминува понудата“, рече извршниот директор на здружението, Јенс Толкмит.
Трошоците за изградба значително се зголемија во последните години поради повисоките каматни стапки на кредитите и значително повисоките трошоци за работна сила и цените на градежните материјали. Во вакви услови се намали бројот на одобренија за градба, а побарувачката ослабе, што резултираше со пониски цени на становите, смета министерот за финансии.
Според податоците на здружението на банките, цените на недвижностите најмногу паднале во Минхен, за 5,3 отсто.
Во исто време, падот на градежната активност го продлабочува „недостигот“ на станови, зголемувајќи го натамошниот раст на закупнината, кој би можел да продолжи уште некое време.
Здружението оценува дека цените на станбените недвижности треба да се стабилизираат во догледна иднина, за разлика од комерцијалните недвижности, како што се деловните згради и трговските центри.
Цените во тој сегмент паднаа за речиси 10 проценти на годишно ниво и се уште не се гледа „дното“, вели првиот човек на здружението.
Проценките се базираат на податоци за работењето на повеќе од 700 банки кои се активни во финансирањето на недвижен имот, а не на понуди за купување и изнајмување кои служат како основа за Заводот за статистика, забележуваат тие во здружението.
Европа
(Видео) Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава
Во внатрешноста на заливот Трст, во близина на границата со Словенија, во вторникот попладне се формирал вител.
Италијанските медиуми јавија дека невремето не предизвикало материјална штета, ниту било закана за населението. Интервенцијата на пожарникарите и на пристанишните служби не била потребна.
Waterspout reported in the North Adriatic between the town of Muggia and Koper a few hours ago.
Original video shooting from meteoradar
➡️ https://t.co/SXbq5rbWaj pic.twitter.com/XxRu57Gohs— Alpine-Adriatic Meteorological Society (@aametsoc) May 7, 2024
Италијанската метеоролошка агенција објасни дека ваквите појави не се воопшто ретки и дека се резултат на екстремна нестабилност на атмосферата.
Областа на низок воздушен притисок, која владее со поголемиот дел од Италија, донесе влажни струи во Трстскиот Залив.
„Во овие временски услови, неколку пати годишно може да се појават воздушни вртлози, кои во повеќето случаи се распаѓаат на море“, објаснуваат италијанските метеоролози.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.