Европа
Идентификувана жената убиена во Сен Дени како роднина Абаауд, брат му уапсен во Мароко пред еден месец
Француското државно обвинителство го објави во петокот идентитетот на жената којашто се разнесе во средата со експлозив во полициската акција во Сен Дени каде што се криеше Абделхамид Абаауд, организаторот на терористичките напад од 13-ти ноември во Париз во кои беа убиени 130 луѓе, како негова роднина.
Станува збор за Хасна Ајтбулахсен, роднина Абделхамид Абаауд, која е идентификувана според отпечатоците на прстите. Француските медиуми претходно објавија дека во станот во Сен Дени е пронајден пасош кој гласел на оваа 26-годишна жена, но нејзината идентификација беше отежната поради големите повреди на нејзиното тело по експлозијата.
Со анализа на отпечатоците на прстите претходно беше потврдено дека во средата во станот во Сен Дени е убиен, Абаауд. Се чека на идентификација на третото лице убиено во престрелката со француската полиција, во чијашто операција беа уапсени осум лица.
Хасна Ајтбулајсен е француска државјанка од мароканско потекло, којашто се радикализирала и имала тешко односи со своето семејство, а околината ја сметала за ексцентрична личност, пишува AFP.
Јасин Абаауд, помладиот брат на 28-годишниот Абделхмаид Абаауд, во октомври бил уапсен во Мароко, соопшти во петокот мароканската безбедносна агенција.
Јасин минатиот месец бил уапсен по слетувањето на авионот во Агадир, родниот град на неговиот татко и оттогаш е во притвор, изјавил за Reuters марокански безбедносен извор кој сакал да остане анонимен. „Во притвор е околу еден месец“, потврдил соговорникот на агенцијата.
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.