Европа
Интерпол бара итно апсење на руски милијардер противник на Путин
Меѓународната полициска организација Интерпол на својата интернет објави во четвртокот налога за апсење на рускиот милијардер Сергеј Пугачев, поранешен сопственик на француските продавници за деликатеси „Hediard“ и на парискиот дневен весник France Soir и кој важи за жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин.
Меѓународната полициска организација Интерпол на својата интернет објави во четвртокот налога за апсење на рускиот милијардер Сергеј Пугачев, поранешен сопственик на француските продавници за деликатеси „Hediard“ и на парискиот дневен весник France Soir и кој важи за жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин.
Олигархот и политичар од раните 1990-те, сега 51-годишниот Сергеј Пугачев, порано човек од доверба на претходни постави во Кремљ а денеска бегалец во странство, истакната е на црвената лисата на Интерпол, кој веќе претходно ја блокираше неговата меѓународна сопственост на барање на руското правосудство. Во јули 2014 година, високиот суд во Лондон му заплени актива од 2 милијарди американски доалри.
Во Москва, поранешниот сенатор од Тува, Пугачев, е обвинет за проневера и голема измама за што би можел да добие казна до десет години затвор во Русија. Тој е осомничен во рамките на истрагата за стечајот на банката „Межпромбанк“ од 2010 година, која спроведувала сомнителни трансакции извлекувајќи го имотот на своите сопственици од Русија. За ова против него во јануари 2011 година беше подигнато кривично дело.
Долг период сметан за „банкарот на Кремљ“, Пугачев вложиле повеќе од 100 милиони евра во француската луксузна продавница „Hediard“, над која ја презема контролата во 2007 година. Во јуни 2014 година Трговскиот суд во Париз го впиша 100-процентното преземање на споменатиот бренд од австриската компанија Do&Co, па Пугечев мораше да го напушти капиталот на оваа продавница. Тој е познат во Франција и по тоа што во 2009 година го презема дневниот весник France Soir, кој исчезна од киосците три години подоцна и покрај вложувањата од 100 милиони евра.
Пугачев повеќе години правно се бореше за укинување на замрзнувањето на неговата меѓународна сопственост, осудувајќи дека станува збор за напад врз него од руската држава чиј е еден од главните критичари.
Во октомври година за британскиот магазин Financial Times ја критикуваше актуелната политичко-економска ситуација во Русија, каде што според него „денеска не постои приватна сопственост, руската економија е трансформирана во феудален систем, каде што сите претприемачи се ’крепосни селани’ кои му припаѓаат на Путин“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.