Европа
Лавров: Русија има право да ја јакне безбедноста на границата, Западот да не ги крши договорите
Русија има право да ги засили безбедносните мерки на своите граници поради конфликтот во Украина, и притоа Москва се надева оти Западот е свесен за својата одговорно за она што се случува во соседната земја и ќе влијае врз оние кои не сакаат мир, а доставување воена помош од НАТО и земјите од ЕУ за Киев би било спротивно на сите постигнати договори, изјави во понеделникот шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, на прес-конференцијата по средбата што во Берлин ја имаше околу украинската криза со колегите од Германија, Франција и Украина.
„Имаме војна на другата страна на границата, артилерија, авијација, ракетни лансери, и сето тоа буквално се однесува на само неколку километри од нашата граница“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Шефот на руската дипломатија истакна дека изминатиот период имало многу гранатирања на руската територија од украинската страна „Не мислам дека тоа било намерно. Веројатно тоа е последица на лошото гаѓање или на лошата обука. Но тоа се случува. Имаме и жртви и штети на руската страна од границата. Главно, имаме право да донесеме одлуки во врска со безбедноста на нашата граница“, рече Лавров.
Западните земји се загрижени поради наводното натрупување на руски војски на украинската граница. Дури обвинуваат дека рускиот претседател Владимир Путин би можел принципот на заштита на етничките Руси и русофоните да го примени за воена интервенција и во источна Украина и во балтичките земји каде оние што го зборуваат рускиот јазик се сметаат за „недржавјани“ и има големо руско малцинство како Естонија и Латвија. Меѓутоа Москва тврди дека ваквите „неосновани“ тврдења на НАТО се користат како изговор Алијансата да го зголеми своето воено присуство на руските граници.
Командантот на силите на НАТО во Европа, американскиот генерал Филип Бридлав, изјави дека доколку се случи руска интервенција во балтичките земји, Сојузот воено ќе одговори.
„НАТО нема планови да интервенира во Украина, бидејќи таа земја не е членка на Сојузот, меѓутоа земјите од источна Европа кои се во НАТО мора да се подготват за можна инфилтрација на ’малите зелени’“, вели генералот Бридлав за германскиот весник Die Welt, алудирајќи на вооружените лица во униформи без ознаки кои се појавија на Крим откако тамошните Руси кои се огромно мнозинство не ги признаа новите прозападни власти во Киев и за кои Западот смета дека се руски војници а властите на Крим тврдеа дека се припадници на територијалната одбрана.
„Кога таков упад би се случил во членка на НАТО, тоа е членот 5. Тоа бара воен одговор“, истакна Бридлав. Според споменатиот член на Северноатлантскиот договор, нападот врз една членка на НАТО се смета за напад врз целиот сојуз.
Минатата седмица генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Раснусен изјави дека земјите членки на Алијансата на самитот во Велс на почетокот од септември ќе донесат одлука за зајакнување и модернизирање на украинската армија и зајакнување на програмата за заеднички воени маневри во Украина, што според него ќе се содржи во завршниот документ од самитот Украина –НАТО.
Рускиот министер за надворешни работи, пак, во понеделникот предупреди дека сите најави за осигурување воена помош на Украина од страна на НАТО и Европската унија ќе биде спротивно од сите досегашни договори.
„Како што веќе и претходно се имам изјаснето, тоа е спротивно на сите договори, сите искажани меѓусебни разбирања кои беа достигнати за неопходноста од прекин на огнот и започнување преговорите“, рече Лавров.
Што се однесува, пак до соработката на НАТО кој застана зад властите во Киев кои во февруари дојдоа на власт преку безредијата со кои беше соборен претседателот Виктор Јанукович, Лаворов вели дека Москва знае дека Западот има круцијално влијание врз украинските сили, особено врз оние кои не ги контролира централната власт.
„Соработуваме со нашите западни колеги, во прв ред со Европа и САД, коишто реално можат да влијаат врз паравоените единици, коишто не ги контролираат централните власти во Киев. Знаеме дека Западот има такво влијаени, и очекуваме дека сопствената одговорност за случувањето во Украина ќе биде сфатена и ќе бидат преземени неопходните чекори да се влијае врз оние кои не сакаат да ја запрат војната“, изјави Лавров во Берлин по средбата со колегите од Украина, Германија и Франција./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Европа
Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра
Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.
Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.
Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.
Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.
Европа
Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.
Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.
Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.
„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.
Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.
Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.
„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.
„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.
Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.
Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.

