Европа
Лондон: Нигериец 24 години го држеле како роб
– Сопружниците Емануел и Антан Едет
Британската брачна двојка е осудена на шестгодишна затворска казна, бидејќи нигериски имигрант речиси две ипол децении го држеле како роб, објави лондонски суд.
Британската брачна двојка е осудена на шестгодишна затворска казна, бидејќи нигериски имигрант речиси две ипол децении го држеле како роб, објави лондонски суд.
Поранешниот лекар Емануел, на 61 година, и медицинската сестра Антан Едет на 58 години, од северен Лондон, судот во британската престолнина во понеделникот ги осудил на по шест години затвор, откако минатиот месец биле прогласени за виновни поради свирепост кон дете, робовладетелство и криумчарење на луѓе.Двојката Нигериецот го довела во Велика Британија во 1989 година, како четиринаесетгодишник, се наведува во соопштението на судот. Му ветиле дека ќе му платата за образование, но го присилувале да работи секојдневно без никаков финансиски надоместок, заканувајќи му се со депортација доколку се обиде да избега.Не му овозможиле образование, а контактите со надворешниот свет и со членовите на неговото семејство биле многу лимитирани. Сопружниците му го одземале пасошот, поради што останал без никакви лични документи.Жртвата, денес близу четириесеттите години, била принудувана секојдневно, и тоа по 17 часа, да ги извршува сите домашни работи, да готви, да ја одржува градината и да води грижа за нивните деца, без никаков надомест. По некогаш добила по 10 фунти како џепарлак, а некогаш на Божик или Велигден му давале и малку поголеми суми. Не смеел да јаде на иста маса со нив, а спиел на под во ходникот.Мажот успеал да ја извести за својата судбина една хуманитарна организација, кога двојката заминала повторно во Нигерија, од каде што најверојатно потекнува, за Божик 2013 година, а биле приведени во март следната година.Обвинителот Дамарис Лејкин изјавил дека сопружниците Едет на својот „роб“ му кажале дека доколку излезе од куќата и контактира со полицијата, ќе биде уапсен како илегален имигрант и ќе биде депортиран во Нигерија.„Им поверувал и станал целосно зависен од нив. Двајцата на овој човек му одземале 24 години од неговиот живот, а кон него се однесувале без нималку почит. Ова е шокантен пример на модерно ропство“, изјави обвинителот.Сопружниците уште во Нигерија го измениле вистинското име на жртвата и ја додале неговата фотографија и податоци во семејниот пасош пријавувајќи го како син.Судот проценил дека теоретски само за неговото ангажирање како помошник во домот му должат повеќе стотици илјади фунти. Констатирал и дека сопружниците при изрекувањето на пресудата останеле сосема рамнодушни./крај/мф/сн
Извор: Metro
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.