Европа
Меркел ѝ порача на Европа дека Германија не може сама да се носи со бегалците
Европа мора да ја сподели одговорноста за мигрантите, изјави во неделата вечерата германската канцеларка Ангела Меркел, предупредувајќи дека нејзината земја не може да ги прими оние коишто дошле исклучиво од економски причини.
„Германија сака да помогне. Меѓутоа, тоа не е предизвик само за Германија, туку за цела Европа. Таа мора да дејствува заедно и да ја презема одговорноста, Германија не може да ја презема таа задача самата“, изјави канцеларката Ангела Меркел на собир на синдикатите Verdi во источниот град Лајпциг.
Помалку повлекувајќи се во однос на она што претходно го зборуваше за мигрантите, забележува Reuters, Меркел предупреди дека Германија не може да ги прими оние кои сакаат да се доселат само од економски причини.
„Ние сме голема земја. Ние сме силна земја. Но да се мисли дека ние самите можеме да ги решиме сите социјални проблеми на светот, не би било реално“, изјави германската канцеларка.
„Сакаме да ги прифатиме оние за коишто тоа е неопходно, но мораме да им кажеме на оние кои доаѓаат од други причини, од економски причини, дека нема можности да останат“, порача Меркел./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Превентивни прекини на струја во Украина поради рускиот ракетен напад
Русија утрово изврши масовен напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Украина. Прогласена е закана од воздушен напад низ целата земја. Силни експлозии се слушнаа во Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, како и во неколку области на западот на земјата.
Експлозии се слушнаа во регионите Хмелницки, Виниција и Ивано-Франковск. Во регионот Лавов, на крајниот запад на Украина, се слушаат операции за противвоздушна одбрана.
Украинските власти соопштија дека нападот го извршиле 7 бомбардери Ту-22 и 6 бомбардери Ту-95. Крстосувачки ракети беа лансирани од воени бродови во Црното Море, воени авиони МиГ-31К, додека балистички ракети беа истрелани од копнени фрлачи.
Цели на нападите се украински хидроцентрали и друга инфраструктура во западниот дел на земјата, соопштија украинските власти. Полска ги подигна борбени авиони поради нападот.
Итни прекини на струја
Превентивните прекини на струја се во сила поради рускиот ракетен напад врз Украина, изјави министерот за енергетика Херман Халушченко.
Украинската енергетска компанија Укренерго додаде дека прекини се воведени во регионите Харков, Суми, Полтава, Запорожје, Днепропетровск и Кировоград.
Европа
Советник на Путин: Мирот е можен само ако Русија добие пет украински региони
Близок советник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека и Украина и Молдавија би можеле да престанат да постојат како независни држави, во интервју за рускиот весник Комсомолскаја Правда објавено вчера.
„Не може да се исклучи дека Украина оваа година ќе престане да постои“, изјави Николај Патрушев, поранешен секретар на Советот за национална безбедност на Русија.
Тој додаде дека Молдавија најверојатно „ќе се приклучи на друга држава или целосно ќе престане да постои“.
Москва ќе прифати мировно решение со Украина само под услов да го задржи анектираниот полуостров Крим, како и украинските региони Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, рече тој.
На прашањето за плановите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да стави крај на војната, Патрушев рече дека претпоставува дека разговорите за Украина меѓу Русија и САД треба да се одржат без учество на други западни земји.
Тој додаде дека нема што да се разговара ниту со Европската унија ниту со Велика Британија.
Тврдокорниот Патрушев (73) е близок соработник и советник на Путин. По 16 години на чело на рускиот Совет за безбедност, тој беше сменет во мај минатата година и назначен за советник на Кремљ за бродоградба.
Европа
Огромен ракетен напад врз Украина, експлозии во милионскиот град
Во тек е масовен руски напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Украина. Прогласена е закана од воздушен напад низ целата земја.
Силни експлозии се слушаат во Харков, вториот по големина украински град со еден милион жители. Како што предупреди украинското воздухопловство, шест групи крстаречки ракети летаат кон регионот на Киев.
Се стравува дека можна цел е киевската хидроцентрала на реката Днепар на северот од земјата.