Контакт

Европа

Оланд; Ниедна земја не може да биде изземена од прифаќањето бегалци

Објавено пред

Францускиот претседател Франсао Оланд изјави во неделата во Танжер дека ниедна европската земја „не може да биде изземена“ од прифаќањето на „бегалците кои имаат право на азил“, на прес-конференцијата со којашто во неделата ја заврши својата посета на Мароко.

dobivaj vesti na viber

„Во врска со распределбата на бегалците со право на азил, таа мора да важи за сите европски земји, ниедна не може да биде изземена, во спротивно повеќе не припаѓаме на иста заедница втемелена на исти вредности и начела“, порача францускиот претседател Франсоа Оланд.

Оваа изјава Оланд ја даде три дена пред вонредниот европски самит, кој во среда ќе се одржи во Брисел, на којшто треба да биде донесена одлуката за солидарна распределбата на уште 120.000 бегалци меѓу 28-те земји членки на Европската унија.

Францускиот претседател, покрај тоа, во неделата потсети дека „заедно со (германската) канцеларка Ангела Меркел изразил желба тој механизам (за распределба) да биде задолжителен, но оти некои земји не го сакаат тоа“.

Оланд рече и дека од својот министер за надворешни работи Бернар Казнев побарал да го брани тој механизам на состанокот со европските колеги во вторникот, ден пред самитот на челниците.

„Ќе внимаваме тој механизам да биде делотворен во какво и облик да биде донесен, обврските да мора да бидат исполнети и бегалците да не ги примаат секогаш истите земји“, предупреди францускиот претседател.

„Сакам тоа прашање што е можно повеќе да биде решено на министерскиот совет (министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ) и сето тоа да не биде префрлено на Европскиот совет“, додаде.

Во среда во Брисел челниците на 28-те земји членки на Европската унија треба да се договорат за распределбата на 120.000 бегалци, како што предлага Европската комисија, за да бидат растоварени Италија, Грција и Унгарија.

Повеќето од земјите го прифаќаат како вонредна привремена мерка, но некои земји особено остро се противат на решението за задолжителните квоти и трајно сместување на мигрантите и бегалците од северна Африка, Блискиот исток и Азија на нивните територии. Особено на тоа се противат Велика Британија, како и земјите од ткн Вишеградска група – Унгарија, Полска, Чешка и Словачка.

Полската премиерка Евра Копач претходно во неделата изјави дека Полска ќе прифати „симболичен“ број бегалци, како и дека нема да ги прифаќа економските имигранти./крај/мф/сн

Извор: AFP

Европа

Намалениот број на станови доведе до раст на кириите во Германија

Објавено пред

Растат кириите во Германија поради немањето станови во услови на високи градежни трошоци и кредити. Сето тоа го запре градежниот сектор и побарувачката, но и ги намали цените на квадратот, се вели во извештајот на здружението на банките.

dobivaj vesti na viber

Становите во Германија поевтиниле за 4,3 отсто во првиот квартал во однос на истиот период лани, објави здружението на германските банки„Pfandbrief“.

Цените за изнајмување на нови станови се зголемени за 5,6 отсто. Трендот на поскапување на кириите нема да запре, оценуваат од здружението.

„Пазарот за изнајмување станови е под огромен притисок. Побарувачката значително ја надминува понудата“, рече извршниот директор на здружението, Јенс Толкмит.

Трошоците за изградба значително се зголемија во последните години поради повисоките каматни стапки на кредитите и значително повисоките трошоци за работна сила и цените на градежните материјали. Во вакви услови се намали бројот на одобренија за градба, а побарувачката ослабе, што резултираше со пониски цени на становите, смета министерот за финансии.

Според податоците на здружението на банките, цените на недвижностите најмногу паднале во Минхен, за 5,3 отсто.

Во исто време, падот на градежната активност го продлабочува „недостигот“ на станови, зголемувајќи го натамошниот раст на закупнината, кој би можел да продолжи уште некое време.

Здружението оценува дека цените на станбените недвижности треба да се стабилизираат во догледна иднина, за разлика од комерцијалните недвижности, како што се деловните згради и трговските центри.

Цените во тој сегмент паднаа за речиси 10 проценти на годишно ниво и се уште не се гледа „дното“, вели првиот човек на здружението.

Проценките се базираат на податоци за работењето на повеќе од 700 банки кои се активни во финансирањето на недвижен имот, а не на понуди за купување и изнајмување кои служат како основа за Заводот за статистика, забележуваат тие во здружението.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Објавено пред

Во внатрешноста на заливот Трст, во близина на границата со Словенија, во вторникот попладне се формирал вител.

dobivaj vesti na viber

Италијанските медиуми јавија дека невремето не предизвикало материјална штета, ниту било закана за населението. Интервенцијата на пожарникарите и на пристанишните служби не била потребна.

Италијанската метеоролошка агенција објасни дека ваквите појави не се воопшто ретки и дека се резултат на екстремна нестабилност на атмосферата.

Областа на низок воздушен притисок, која владее со поголемиот дел од Италија, донесе влажни струи во Трстскиот Залив.

„Во овие временски услови, неколку пати годишно може да се појават воздушни вртлози, кои во повеќето случаи се распаѓаат на море“, објаснуваат италијанските метеоролози.

Прикажи повеќе...

Европа

Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена

Објавено пред

Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.

dobivaj vesti na viber

Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.

Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.

Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.

Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.

Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.

Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.

Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

ДУИ очекува над 20 пратеници: „Имаме повеќе од 30.000 гласови предност пред опозицијата“

Од 50 отсто изборјано гласачки ливчиња, имаме над 30.000 гласови разлика пред „Вреди“, изјави Шефот на Изборниот штаб на Европскиот...

Македонија38 минути

Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто

Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти...

Македонија57 минути

Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати...

Македонија1 час

Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник, кажа Меџити

Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на вечерашната...

Македонија2 часа

Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет

Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и...

Македонија2 часа

(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните

Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на...

Македонија2 часа

(Видео) Џафери не го поддржа бојкотот на Артан Груби: Граѓаните ќе одлучат која политичка опција е најдобра за нив и за државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше...

Македонија3 часа

Мицкоски за сценаријата за кои предупредувал: Се гледа дека се реалност, и Европа се срами од дефанзивните политики на т.н европски политичари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот чин на гласање на претседателските и парламентарните избори со повик до граѓаните да...

Македонија3 часа

Избирачки списоци со проблеми, скратено право на глас, притисоци, прекршување на изборниот молк: Левицата за нерегуларностите во изборниот процес

,,На некои пријавени изнемоштени и болни лица во Куманово вчера им било ускратено правото на глас. Избирачките списоци се полни...

Македонија3 часа

Ковачевски: Денешните избори се оние што ќе ја одредат иднината на државата, и на сегашните и на идните генерации

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори....

Македонија3 часа

Пендаровски: Има информации за обиди за бојкот на претседателските избори

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска гласаше во вториот круг од претседателските избори 2024 година. Во изјава за медиумите Пендаровски...

Македонија4 часа

42,32 отсто од граѓаните гласале на претседателските избори до 17 часот, соопшти ДИК

До 17 часот до ДИК биле пристигнати податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 2.040 избирачки места, од...

Македонија5 часа

ДИК за одѕивот до 15 часот: за претседателски избори гласале 33.73 отсто а за парламентарни 37.44 отсто од гласачите

До 15 часот како што информра ДИК биле пристигнати податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки...

Македонија6 часа

Гласачите задолжително да се прашуваат дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори, Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби, апелира ДИК

Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за...

Македонија9 часа

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија9 часа

Со УВ-ламба и спреј ќе продолжи гласањето на некои избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми...

Македонија10 часа

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87 отсто, а на парламентарните 13,69 отсто

Според податоците од 2.080 избирачки места, за претседател на државата до 11 часот гласале 12,87 отсто од гласачите. Државната изборна...

Топ11 часа

ДИК: Одѕивот до 9 часот е намален во однос на претходните избори за претседател и пратеници

Одѕивот до 9 часот на претседателските избори изнесува 4,17 отсто, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „Во споредба со вториот...

Македонија11 часа

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „На...

Топ12 часа

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на...