Контакт

Европа

Меркел: Признавањето на анексијата на Крим од Русија е опасно за цела Европа

Објавено пред

Крим се отцепи од Украина со нарушување на територијалниот интегритет на земјата и признавањето на тоа од меѓународната заедница ќе создаде опасен преседан за цела Европа, изјави во саботата германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Петро Порошенко за време на нејзината посета на Киев, и порача дека интересот на Германија е да се сочува територијалната целокупност на Украина.

dobivaj vesti na viber

„Сето тоа (отцепувањето на Крим) се случи со кршење на територијалниот интегритет во Европа, и доколку таквиот принцип го признаеме, тогаш кај нас во цела Европа може да се случува, и тогаш не станува збор само за Крим и за Украина, туку потоа секоја европска земја може да се соочи со оспорувања од други земји на одредени области, што ќе го наруши мирниот соживот во Европа“, истакна на прес-конференцијата германската канцеларка Ангела Меркел одговарајќи на прашањето да ги коментира изјавите на германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел дека е за федерализација на Украина.Имено во интервјуто за весникот Welt am Sonntag објавено токму на денот кога канцеларката Меркел престојува во официјална посета на Украина, нејзиниот заменик Зигмар Габриел, покрај тоа што рече дека е приоритет да се спречи директен воен судир меѓу Украина и Русија, се зазема за воведување федерален систем во Украина, по завршувањето на вооружениот конфликт во источните региони на земјата.„… Мораме да ја развиеме идејата за процесот на помирување кој би можел да биде покренат по завршувањето на воениот суди во источна Украина. Територијалната целост на Украина може да биде сочувана само доколку нешто им се понуди на регионот со руско мнозинство. Разумен концепт на федерализација изгледа како единствениот начин“, вели во интервјуто германскиот вицеканцелар. Габриел така стана првиот висок германски политичар кој ја понуди федерализацијата на Украина како можно решение на кризата. Меркел во продолжение на одговорот во Киев додаде дека имајќи ги предвид таквите околности, многу е важно признавањето од страна на меѓународната заедница на границите воспоставени по Втората светска војна.Црноморскиот полуостров Крим, кој отсекогаш бил седиште на руската воена Црноморска флота, на кој живее мнозинско етнички руско население (58 отсто, покрај 16 отсто Украинци и 12 отсто кримски Татари), откако со февруарските протести во Киев беше соборен претседателот Виктор Јанукович, на 16-ти февруари со референдум и огромно мнозинство изгласа враќање на автономијата укината во 1990 година со осамостојувањето на Украина и присоединување на Руската Федерација, што западот го смета за руска анексија на украинска територија. Од околу два милиона житела на Крим, според Москва досега само 3.427 лица се изјасниле дека се откажуваат од руското државјанство. Крим, инаку, во составот на Руската Советска Федеративна Република се наоѓал до 19-ти февруари 1954 година, кога Президиумот на Врховниот совет (владата) на поранешниот СССР, издал указ со кој го пренесува во составот на Украинската Советска Република, во периодот на советскиот челник Никита Хрушче(о)в за кој е нејасно дали имал украински корени покрај тоа што политичката кариера ја градел во Украина. На прес-конференцијата со Порошенко, германската канцеларка истакна и дека територијалниот интегритет на Украина и просперитетот на земјата е важна политичка цел на политиките на Германија.„Мојата посета означува дека сојузната влада (на Германија) и јас лично сакаме да демонстрираме дека територијалната целост на Украина и нејзиниот развој е важната цел на нашата политика“, изјави Меркел на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател.Меркел потсети и на 75-годишнината од пактот Рибентроп – Молотов, односно договорот за интересните сфери меѓу  нацистичка Германија на Адолф Хитлер и комунистичкиот Советски сојуз на Јосиф Висарионович Џугашвили Сталин. „Моето присуство тука покажува дека работите се променети и дека двете земји можат да ги менуваат политичките односно, и оти Германија не сака да причинува никаква нова политичка штета, таа многу добро ја проучи својата историја“, истакна канцеларката.Меркел, исто така, посочи дека Германија го поддржува планот на претседателот Порошенко за децентрализација на власта во Украина, повторно обидувајќи се да ја појасни изјавата на вицеканцеларот Зајберт за федерализација. „Тоа што ние го подразбираме под федерализација, во Украина го нарекуваат децентрализација. И тоа е она што го сака претседателот. Тоа претставува важен чекор со цел рускојазичното население да почувствува дека и’ припаѓа на Украина. И јас сметам дека тој процес нужно мора да продолжи“, додаде појаснувајќи дека во Украина тоа се поврзува со поголем степен на независност „што во никој случај не го сакаме“. Во почетокот од бунтот на проруските региони каде над 78 отсто од населението се изјаснува дека рускиот му е мајчин јазик, кој започна откако прозападните власти во Киев го укинаа законот за јазиците со кој рускиот јазик го загуби статусот на официјален, во почетокот бараа федерализација и поголема автономија на регионите каде што се мнозинство. Потоа тие одржаа референдум при што прогласија таканаречен Народни Републики во Донец и Лугaнаск, кои се поврзаа во „државна заедница“ Новорусија.Меркел истакна и дека Германија заедно со украинските власти ќе сторат сé што е возможно за да најдат дипломатско решение на конфликтот на истокот од земјата. Според неа, тоа во носењето на тоа решение мора да учествуваат сите засегнати страни и да стане основа за зачувување на територијалниот интегритет на Украина.Покрај тоа, германската канцеларка порача дека кризата во Украина може да се реши доколку биде подобрена контролата на украинско-руската граница преку којашто како што тврди Западот а Москва упорно демантира, Русија испраќа оружје на проруските бунтовници. „За успех се потребни двете страни. Не можете да постигнете мир самите. Се надевам дека разговорите со Русија ќе бидат успешни. Плановите се на масата (…) сега треба да следат делата“, истакна Меркел асоцирајќи на скорешната средба на украинскиот претседател Петро Порошенко и рускиот претседател Владимир Путин на регионалниот самите во Минск.Меркел порача дека мора да се договори прекин на огнот, и како главна пречка за тоа ја гледа слабата контрола на границата долга речиси две илјади километри. Таа предложи Киев и Москва да се договорат границата да ја набљудува ОБСЕ, на што нејзиниот украински домаќин дополни дека „има простор за договор, но не по цена на суверенитетот, интегритетот и независноста на Украина“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки

Објавено пред

Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.

dobivaj vesti na viber

Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.

„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.

Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.

Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.

Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.

Прикажи повеќе...

Европа

Работник згмечи автомобил на депонија во Минхен: Не забележал дека има човек внатре

Објавено пред

82-годишен Германец загина во автомобил смачкан од кран што се користи за сечење и дробење стари автомобили во отпад во минхенскиот округ Оберзендлинг во среда попладне.

dobivaj vesti na viber

Според полицијата, автомобилот бил закажан за уништување, а се верува дека човекот влегол во возилото незабележано. Во моментот на несреќата, 60-годишен вработен во компанијата управувал со тешка машина што се користи за дробење стари автомобили.

Работникот прво го смачкал покривот на возилото со кранот, а потоа го превртел на покривот. Дури тогаш, според полицијата, сведок забележал дека во автомобилот има лице, објавува Би-Би-Си.

82-годишникот претрпел смртоносни повреди кога покривот на возилото бил смачкан. На местото на настанот биле повикани служби за итни случаи. Интервенирале пожарникари, работници на брзата помош и полиција. Пожарникарите морале да користат специјална опрема за да го извлечат телото од автомобилот.

Според портпаролот на полицијата, возилото не му припаѓало на починатиот маж. Се верува дека 82-годишникот, кој живеел во Минхен, дошол на местото за да собира старо железо. Сообраќајната полиција во Минхен започна истрага за околностите на несреќата.

Прикажи повеќе...

Европа

Полска сака да ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 години

Објавено пред

Полска планира да воведе закон со кој ќе им се забрани на децата под 15 години да користат социјални медиуми и ќе ги направи платформите одговорни за проверка на возраста на корисниците, изјави министерката за образование Барбара Новацка во интервју објавено денеска, објави Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Владејачката Граѓанска коалиција ќе презентира нацрт-предлог со кој ќе се изрекуваат казни за платформите што остануваат достапни за помладите корисници. Новацка додаде дека законот би можел да стапи во сила на почетокот на 2027 година. „Гледаме последици за менталното здравје на децата и младите, како и пад на нивните интелектуални способности“, рече Новацка, истакнувајќи дека нивото на казните за компаниите сè уште се дискутира.

Неколку европски влади, вклучувајќи ги Данска, Грција, Франција, Шпанија и Велика Британија, разгледаа слични ограничувања поради тврдењата дека социјалните медиуми се штетни или предизвикуваат зависност кај малолетниците. Владата на Велика Британија објави во јануари дека разгледува ограничувања за заштита на децата на интернет, откако Австралија спроведе слични закони во декември.

Иницијативата би можела да ја доведе Варшава во конфликт со американските технолошки компании како „Мета“ или „Икс“ на Елон Маск. Некои од тие компании се спротивставија на ограничувањата откако Австралија воведе забрана минатата година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија6 часа

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ7 часа

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија9 часа

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија10 часа

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ10 часа

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија11 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет12 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија12 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија12 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион13 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет13 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет14 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет15 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа15 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија1 ден

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија1 ден

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија1 ден

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...