Европа
Метрото во Париз не одговара за 21 век
Незадоволни патници на париското метро, поднесуваат тужба против шефовите на јавниот транспорт затоа што константно доцнат на работа.
Незадоволни патници на париското метро, поднесуваат тужба против шефовите на јавниот транспорт затоа што константно доцнат на работа.
Заедничката тужба е прва од ваков вид, и вклучува група патници на метрото, кои се фокусираат на проблемите на линијата А, која го поврзува источниот со западниот дел на градот, а поминува низ бизнис центарот на Париз, Ла Дефенс. Но, патниците велат дека целата мрежа ги изневерува патниците.
Патниците секојдневно се соочуваат со пречки, а само минатитот месец штрајкот на возачите на возовите предизвија пандемонија за време на метежот.
Заедничката тужба ја предводи банкарот Жан – Луј Рур, кој се надева дека нивната тужба ќе биде прифатена, а тоа значи и дека ќе добијат датум на судење.
Ваков тип тужба дозволува група индивидуалци заедно да тужат некого, без поединечни тужби и без адвокат. Но, секој од нив треба да е дел од потрошувачка група.
Според Рур, економската состојба во Франција не енајдобра, а луѓето се борат да ги задржат своите работни места.
„Денеска добив две пораки од луѓе кои ми кажаа дека биле избркани од работа затоа што доцнеле поради проблеми со јавниот транспорт“, вели Рур.
Според него, метрото има проблеми, а тоа влијае на животите на луѓето и на нивните работни места.
„Покрај се, владата и локалните власти остануваат глуви за проблемите кои ги тиштат граѓаните“, вели Рур.
„Последните две години, проблемот се продлабочува. Не е само РАР А линијата, туку целата мрежа. Возовите доцнат, откажани се некои. Има проблеми со возови што откажуваат, се расипуваат, а има и проблеми што не ги ни разбираме. Ова е метро направено во 19 бек, и не може да одговори на потребите на гражаните во 21 бек“, додава тој.
Речиси секој ден некој возач на воз не доаѓа на работа.
„Властите зборуваат за проектот Гранд Париз, амбициозен план за јавниот транспорт, но тој нема да се спроведе до 2030 или 2050, а нам ни треба решение сега, за да може да стигнеме на време на работа“, велу Рур.
„Владата зборува дека финансискиот центар Ла Дефенс е најголем во Европа, но луѓето не можат да стигнат таму“. Патување од 10 минути, се претвора во 40 минутна борба“, додава тој.
На мрежата и треба добра инвестиција, а на патниците им сека кажува дека работите се во тек, но тие не гледаат никакви подобрувања.
„Ова е случај за кој сите зборуваат. И во весниците и на телевизија, што е добро, но политичарите се уште не се огласиле, не се будат. Избори не чекаат, а тие треба да сфатат дека патниците се гласачи“, додава Рур.
Тој додава дека целта на тужителите не е да добијат пари, туку да го придвиѓат системот и да стинуваат на време на работа./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.