Контакт

Европа

На поранешен австриски министер потврдена затворската казна за корупција

Објавено пред

Австрискиот врховен суд во понеделникот во најголемиот дел ја потврди казната за поранешниот австриски министер за внатрешни работи Ернст Штрасер, осуден на строг затвор поради корупција откако во 2011 година беше фатен од новинари во периодот додека беше пратеник во Европскиот парламент.

dobivaj vesti na viber

Според оваа правосилна пресуда, сега 58-годишниот Ернст Штрасер доби три години затвор бидејќи за надоместок во 2010 и 2011 година се согласил да претстави амандмани на европски закони, пишуваат австриските медиуми.

Тој, откако во март 2011 година беше принуден да го врати мандат во Европскиот парламент, се жалеше по пресудата на првата инстанца во март годинава на три ипол години затвор, која ја донесе судот во Виена. Највисокиот суд во Австрија во понеделникот ја отфрли жалбата на Штрасер, но ја скуси за шест месеци неговата затворска казна. Според правосилната пресуда, Шррасер, кој беше министер за внатрешни работи од 2001 до 2004 година, ќе може по шест месеци затвор да побара да биде ослободен со ограничено движење со електронска нараквица.

Ернсе Штрасер беше присилен да си поднесе оставка во 2011-та како европратеник, откако беше фатен во замка на новинарите на британскиот весник The Sunday Times, кои му се преставија како лобисти. Беше снимен со скриена камера вво 2010 и 2011 година додека се согласува да предложи амандмани во полза на едно лоби, за награда од 100 илјади евра годишно. Штрасер упорно тврди дека е невин.

Британските новинари на ист начин постапија во истото време и со уште тројца други европратеници, кои исто така изразија подготвеност да примат надомест, односно мито. Тоа беа Шпанецот Пабло Залбан, Романецот Адриан Северин и Словенецот Зоран Талер.

На крајот од јануари годинава Зоран Талер, поранешен министер на Словенија за надворешни работи, кој инаку беше во Европскиот парламент известувач за Македонија, призна дека се согласил за награда од 100 илјади евра да влијае врз европските закони и беше осуден на две ипол години строг затвор и парична глоба од 32.250 евра./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

Данската премиерка од Гренланд: Се наоѓаме во сериозна ситуација

Објавено пред

Данската премиерка Мете Фредериксен го посети Нук, главниот град на Гренланд, на разговори со лидерот на територијата, Јенс-Фредерик Нилсен. Посетата доаѓа по напната недела во која американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од заканите за преземање на арктичкиот остров и се согласи на разговори.

dobivaj vesti na viber

Тензиите се смирија откако Трамп во средата ја отфрли можноста за воена акција и објави на социјалните мрежи дека е постигната „рамка за иден договор за Гренланд“ по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Давос, јавува Би-би-си.

Знак на поддршка и дипломатски пат
Деталите од договорот сè уште не се познати. Премиерката Фредериксен долета директно од Брисел, каде што се сретна со Руте во петокот наутро. Според неговата најава, тие се согласиле да „го зајакнат одвраќањето и одбраната на Арктикот“.

По пристигнувањето во Нук, Фредериксен беше пречекана од Нилсен. „Пред се, денес сум во Гренланд за да ја покажам нашата силна данска поддршка за народот на Гренланд“, изјави таа за новинарите. „Ова е многу тешко време, секој може да го види тоа“.

„Се наоѓаме во сериозна ситуација. Тоа го гледаат сите. Сега постои дипломатски, политички пат што ќе го следиме“, додаде таа, објаснувајќи дека нејзината посета е „работна“ за да се подготват „следните чекори“.

Трамп во четвртокот за „Фокс њуз“ изјави дека САД „добиваат сè што сакаат без никакви трошоци“ и дека „дел“ од неговиот планиран систем за ракетна одбрана „Златна купола“ ќе биде поставен на Гренланд. На прашањето дали станува збор за „преземање“, тој рече: „Тоа е целосен пристап. Нема крај, нема временско ограничување“.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Шведски ловци пресретнаа руски борбени авиони над Балтикот, Русија објави снимка од летот

Објавено пред

Борбени авиони на шведските воздухопловни сили вчера, 22 јануари, пресретнаа руски бомбардер Ту-22М придружуван од два ловци Су-35С над Балтичкото Море.

dobivaj vesti na viber

Средбата се случила во меѓународен воздушен простор во близина на воздушниот простор на НАТО, што ја истакнува фреквенцијата на руските воздушни мисии кои рутински предизвикуваат реакции од воздушната полиција на Алијансата, објави „Army Recognition“.

Шведските авиони за брза реакција (QRA) беа активирани откако мрежите за надзор открија руска формација над Балтикот, област со густ воен сообраќај каде што летовите често се одвиваат без транспондерски сигнали или најавени планови за лет.

Во согласност со стандардната практика на воздушно полициско работење на НАТО, шведските ловци визуелно ги идентификуваа авионите, ги следеа на безбедно растојание и потврдија дека нивната траекторија остана надвор од воздушниот простор на Алијансата.

Руското Министерство за одбрана денеска објави видео на кое се прикажани два бомбардери со долг дострел Ту-22М3 во, како што наведува, „планиран лет“ над неутралните води на Балтичкото Море. Москва соопшти дека летот бил извршен во целосна согласност со меѓународното право, пренесува „Еуроњуз“.

Министерството во соопштението наведува дека бомбардерите биле придружувани од борбени авиони Су-35 и Су-30 и дека летот траел околу пет часа.

„Придружбата ја обезбедиле екипажите на борбените авиони Су-35 и Су-30 на Воздухопловните сили. Времетраењето на летот било околу пет часа. Во одредени фази од рутата, бомбардерите биле придружувани од борбени авиони на странски земји“, се вели во соопштението.

Москва нагласи дека сите летови на руските воздухопловни сили се извршуваат во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор и редовно се одвиваат над неутралните води на Арктикот, Северноатлантскиот, Тихиот Океан, Балтичкото и Црното Море.

Прикажи повеќе...

Европа

Украинскиот министер за одбрана: Разговаравме за параметрите за завршување на војната

Објавено пред

Во Абу Даби се одржа трилатерален состанок на украински, американски и руски делегации за да се разговара за параметрите за завршување на војната и идниот процес на преговори, објави украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров на социјалната мрежа Икс.

dobivaj vesti na viber

Покрај Умеров, украинската делегација ја сочинуваа Кирил Буданов, Давид Арахамија и Сергеј Кислицја. Специјалниот претставник Стив Виткоф, Џаред Кушнер, Џош Груенбаум и генералите Даниел Дрискол и Алексус Гринкевич присуствуваа на консултациите во име на САД. Руската делегација ја сочинуваа претставници на военото разузнавање и вооружените сили.

Централна тема на состанокот беа параметрите за завршување на војната и понатамошната логика на процесот на преговори со цел постигнување достоен и траен мир. Дополнителни состаноци се закажани за утре, кога на украинскиот тим ќе му се придружат началникот на Генералштабот, генерал Андриј Хнатов, и заменик-началникот на Службата за одбранбено разузнавање на Украина, генерал-потполковник Вадим Скибицки.

Умеров изјави дека по секоја фаза од преговорите, до украинскиот претседател Володимир Зеленски се доставува извештај. Тој нагласи дека украинскиот тим дејствува координирано во рамките на задачите поставени од претседателот и е подготвен да работи во различни формати, во зависност од текот на дијалогот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 часа

Ризик по животот: Човекот кој се искачи на Тајпеј 101 без заштита земал половина милион евра

Американскиот алпинист Алекс Хонолд изјави дека му е платен „смешно мал“ надомест за да се искачи на облакодер од 488...

Топ12 часа

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно...

Топ12 часа

Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска...

Свет14 часа

Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти

Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред...

Свет15 часа

Киев е без греење на минусни температури, Зеленски бара поддршка за воздушна одбрана додека

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од сојузниците поголема поддршка за воздушна одбрана, бидејќи стотици згради во Киев се без греење...

Македонија19 часа

Безбеден град ќе казнува по 500 евра и една година без возачка за брзо возење

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на...

Македонија19 часа

Да беше жив Тоше Проески денес ќе полнеше 45 години

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија...

Македонија20 часа

АХВ за една година спровела над 125 илјади контроли и наплатила 618 илјади евра

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на...

Македонија20 часа

Денес може да се дарува крв во чест на хуманоста на Тоше Проески

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција...

Македонија1 ден

Адвокатката на газда Деко од „Пулс“ бара надлежните да реагираат откако родителите на загинатите деца ја ставија на транспарент

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба...

Македонија1 ден

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со порака: Правдата што доцни не е правда

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од блиските на загинатите...

Свет1 ден

Зеленски: Трилатералните разговори беа конструктивни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле...

Топ2 дена

86-годишна жена од Виница измамена за 30.000 евра, лажен лекар ја довел во заблуда дека ќерката е повредена

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама во која останала без 30.000 евра, откако...

Свет2 дена

Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби

Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина  меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми....

Македонија2 дена

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени...

Свет2 дена

На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад

Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко,...

Регион2 дена

Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож

Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба...

Македонија2 дена

Со понудени куќи, булдожери и милионска гаранција конзулот Марковски излезе од притвор

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски...

Македонија2 дена

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа2 дена

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...