Европа
ОБСЕ: Сите камиони од рускиот хуманитарен конвој се вратија од Украина
Сите камиони од рускиот хуманитарен конвој кој се движеше по територијата под контрола на проруските бунтовници во источна Украина се вратиле во саботата во Русија, соопштија набљудувачите од мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Сите камиони од рускиот хуманитарен конвој кој се движеше по територијата под контрола на проруските бунтовници во источна Украина се вратиле во саботата во Русија, соопштија набљудувачите од мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Во телефонскиот разговор за AFP, Пол Пикар, шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ н пограничниот премин во близина на истоимениот рускиот град Донецк, преку кој преминуваше конвојот, изјави дека „целиот конвој се вратил“.
„Пребројавме 220 возила коишто денеска (сабота) се вратија, покрај седумте кои се вратија уште во петокот“, додал Пол Пикар. Според него, последните камиони минале преку границата во 10 часот по локално време, однос 12 часот по средноевропско време.
АFP забележува дека набљудувачите на ОБСЕ пребројале само 227 камион кои во шест групи ја минале границата, според соопштението во петокот, иако Русија најави дека во конвојот има 280 возила со над 1.800 тони хуманитарна помош во лекови, прехранбени продукти, храна за бебиња, вода за пиење, вреќи за спиење и генератори кои од 14-ти август чекаа да влезат на украинска територија и да го достават товарот во Луганск, еден од двата најголеми центри на бунтот на рускојазичното население во источна Украина. Руската државна телевизија објави дека камионите биле истоварени во градот во текот на вечерта и ноќта во петокот.
Портпаролот на операцијата на украинската армија во источните региони во земјата, Андриј Лисенко за Reuters потврдил дека руските камиони го минале истиот граничен премин преку кој влегоа во украинското погранично место Изварине. Според него, не е направен никакво преглед на конвојот на излегување од страна на украинските граничари или цариници.
Претходно РИА Новости објави дека руските цариници прават преглед на камионите од конвојот кои се враќаат од Украина откако ја доставија пратката хуманитарна помош.
Киев и неговите западни поддржувачи соопштија дека рускиот конвој влегол на украинска територија без одобрување на украинските власти и на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Меѓутоа, руското министерство за надворешни работи објави дека украинското министерство за надворешни работи дало дозвола уште на 12-ти август кога биле прецизирани начините на проверка и доставување на помошта меѓу двете министерство и Црвениот крст. Притоа, Москва потсети дека цела седмица украинските граничари и цариници вршеа проверка на конвојот на рускиот граничен премин „Донецк“.
Веднаш штом беше објавено дека рускиот конвој се вратил во Русија, портпаролката на тамошното министерство за надворешни работи изрази чудење што САД не се огласиле уште во врска со тоа, откако претходната ноќ го осудија неговото влегување во Украина и се заканија со уште поостри санкции против Москва.
„Необично е што Вашингтон, кој секогаш се фали со своите напредни системи за извидување, се уште не знае дека рускиот хуманитарен конвој ја напушти украинската територија и дека во моментов се враќа во Русија“, изјави заменичката портпаролка на руската дипломатија, Марија Захарова, пренесе РИА Новости.
„Се надеваме дека САД ќе бидат одлучни и во повикувањето на моментално примирје меѓу конфронтираните страни во Украина, како што беа во врска со хуманитарната помош“, порача Захарова./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.
Европа
Работник згмечи автомобил на депонија во Минхен: Не забележал дека има човек внатре
82-годишен Германец загина во автомобил смачкан од кран што се користи за сечење и дробење стари автомобили во отпад во минхенскиот округ Оберзендлинг во среда попладне.
Според полицијата, автомобилот бил закажан за уништување, а се верува дека човекот влегол во возилото незабележано. Во моментот на несреќата, 60-годишен вработен во компанијата управувал со тешка машина што се користи за дробење стари автомобили.
Работникот прво го смачкал покривот на возилото со кранот, а потоа го превртел на покривот. Дури тогаш, според полицијата, сведок забележал дека во автомобилот има лице, објавува Би-Би-Си.
82-годишникот претрпел смртоносни повреди кога покривот на возилото бил смачкан. На местото на настанот биле повикани служби за итни случаи. Интервенирале пожарникари, работници на брзата помош и полиција. Пожарникарите морале да користат специјална опрема за да го извлечат телото од автомобилот.
Според портпаролот на полицијата, возилото не му припаѓало на починатиот маж. Се верува дека 82-годишникот, кој живеел во Минхен, дошол на местото за да собира старо железо. Сообраќајната полиција во Минхен започна истрага за околностите на несреќата.
Европа
Полска сака да ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 години
Полска планира да воведе закон со кој ќе им се забрани на децата под 15 години да користат социјални медиуми и ќе ги направи платформите одговорни за проверка на возраста на корисниците, изјави министерката за образование Барбара Новацка во интервју објавено денеска, објави Ројтерс.
Владејачката Граѓанска коалиција ќе презентира нацрт-предлог со кој ќе се изрекуваат казни за платформите што остануваат достапни за помладите корисници. Новацка додаде дека законот би можел да стапи во сила на почетокот на 2027 година. „Гледаме последици за менталното здравје на децата и младите, како и пад на нивните интелектуални способности“, рече Новацка, истакнувајќи дека нивото на казните за компаниите сè уште се дискутира.
Неколку европски влади, вклучувајќи ги Данска, Грција, Франција, Шпанија и Велика Британија, разгледаа слични ограничувања поради тврдењата дека социјалните медиуми се штетни или предизвикуваат зависност кај малолетниците. Владата на Велика Британија објави во јануари дека разгледува ограничувања за заштита на децата на интернет, откако Австралија спроведе слични закони во декември.
Иницијативата би можела да ја доведе Варшава во конфликт со американските технолошки компании како „Мета“ или „Икс“ на Елон Маск. Некои од тие компании се спротивставија на ограничувањата откако Австралија воведе забрана минатата година.

