Европа
Од Кремљ објаснија зошто Путин ја откажал посетата на Париз
Рускиот претседател Владимир Путин нема следната седмица да го посети Париз, бидејќи не сака да разговара со францускиот колега Франсоа Оланд само за Сирија, соопшти Елисејската палата во вторникот, а од Кремљ појаснија дека посетата на француската престолнина „излегла од програмата за активностите“ на рускиот челник.
Посетата на рускиот претседател на Париз беше закажана за 19-ти октомври, но како што пренесе агенцијата Reuters повикувајќи се на извор од кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд, Москва одлучила да ја одложи посетата. Путин во француската престолнина требаше да присуствува на отворање на новата руска православна црква и на изложба на руската уметност.
„Претседателот (Путин) одлучи да ја откаже посетата. Станува збор за планираните присуство на неколку настани, поврзани со отворање на културно-духовен центар и една поставка, но за жал, тие настани испаднаа од програмата, и поради тоа претседателот донесе одлука да ја откаже посетата на Француската Република“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува агенцијата РИА:
На барање да појасни зошто тие настани с исклучени од програмата за посетата на Париз, неговиот портпарол одговорил дека „тоа прашање треба да ѝ го поставите на француската страна“.
Истовремено Песков истакнал дека Путин е подготвен да ја разгледа можноста да ја посети Франција во термин кој ќе биде прифатлив за францускиот претседател.
„Од самиот почеток на контактите со својот француски колега претседателот Путин истакна дека тој е подготвен да го посети Париз во период кој ќе му одговара на претседателот Оланд. Затоа ќе чекаме кога ќе дојде време за тоа, и Путин одново ќе ја разгледа можноста да се оствари таквата посета доколку тоа прашање биде ставено на дневниот ред“, порачал Песков.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 6-ти октомври на средбата со неговиот француски колега Жан-Марк Ејро во Москва најави дека претседателот Путин на 19-ти октомври ќе го посети Париз, каде што шефовите на двете држави ќе разговараат за состојбите во Сирија и во Украина. Подоцна Оланд во интервју за телевизијата ТМС искажа реторичко прашање „за полезноста од средбата“ со Путин./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.