Европа
ОН: Бројот загинати во Украина надмина илјада
Од почетокот на борбените дејствија на украинската армија во источните делови од земјата загинале 1.129 луѓе, а ранети се околу од 3,5 илјади, објави Високата комесарка на Обединетите нации за човекови права Наванетхем (Нави) Пилај, претставувајќи го во Женева во понеделникот извештајот на набљудувачката мисија.
Од почетокот на борбените дејствија на украинската армија во источните делови од земјата загинале 1.129 луѓе, а ранети се околу од 3,5 илјади, објави Високата комесарка на Обединетите нации за човекови права Наванетхем (Нави) Пилај, претставувајќи го во Женева во понеделникот извештајот на набљудувачката мисија.
Според документот, точниот број цивилни жртви во овој момент тешко може да се утврди, но според информациите добиени од мисијата на комесаријатот на ОН за човекови права и Светската здравствена организација, од средината на април кога новите прозападни власти во Киев ја започнаа ткн „антитерористичка“ операција за враќање под контрола на источните региони на Украина на кои своја власт прогласија проруските бунтовници, до 26-ти јули загинале 1.129 луѓе, а 3.442 се ранети.
Притоа се истакнува дека станува за збор за „конзервативни процени“ на четвртата набљудувачката мисија на ОН, односно на агенцијата за човекови права UHCHR и на СЗО, кој го опфаќа периодот од 8-ми јуни до 15-ти јули 29014 година, кога бројот на жртвите достигнува околу илјада. Од нив повеќе од половината – 522 загинати, се цивили.
Според извештајот, причината за поголемиот број смртни случаи во последно време се интензивните артилериски бомбардирања на населените места и ткн „колатералната штетат“ од борбените дејствија, кои се одвиваат во густо населените населби.
„Зголемениот број загинати и сериозните оштетувања на цивилната инфраструктура, во зависност од околностите, може да се смета за нарушување на меѓународното хуманитарно право“, истакна Пилај и порача дека „борбите мора да престанат“.
„Двете страни треба особено да се заложат да се избегнуваат нови жртви и ранети меѓу цивилното населени“, челничката на агенцијата за човекови права при светската организација.
Во источните региони на Украина, кои се контролирани од проруските милиции „има целосно отфрлање на владеењето на правото“, се истакнува исто така во извештајот на ОН.
Во понеделникот, пак, властите на самопрогласените „народни републики“ во Донецк и во Луганск, известија за нови цивилни жртви, во борбените операции на украинската армија во споменатите области кои веќе четврт месец се под контрола на проруските бунтовници кои не ги признаваат властите во Киев. Така, се известува дека во Луганс во артилериски оган загинале 5 а ранети се 15 цивили, додека во Донецк во бомбардирањата во текот на ноќта кон понеделникот три цивила се убиени а осум се ранети. Притоа, регистрирани се големи оштетувања на мрежите за снабдување со електрична енергија и природен гас, како и на многу цивилни објекти./крај/мф/сн
Извор: ОН/Итар-Тасс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

