Контакт

Европа

Орбан потврди дека САД вршат притисок врз Унгарија

Објавено пред

САД и врши притисок врз Унгарија поради нејзината соработка со Русија по прашањата за енергетиката, првпат во петокот потврди унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесуваат тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

„САД ја изложува Унгарија на притисок“, бидејќи погрешно мисли дека е блиска со Русија, изјавил унгарскиот премиер Виктор Орбан во четвртокот навечер по завршувањето на средбата во Минхен со Хорст Зихофер, премиерот на регионалната влада на политички влијателната германска покраина Баварија.

Орбан, како што пренесува AFP, појаснил дека неговата политика „не е проруска, туку проунгарска“. Енергетскиот избор на Унгарија, нагласил, е насочен на „јакнењето на економската компетититвност“ , истовремено „намалувајќи ја нејзината зависност“.

Конзервативниот премиер на Унгарија, земја членка на Европската унија и на НАТО, кому домашните и странските критичари му префрлуваат за авторитарно раководење со земјата, досега се воздржуваше од коментари на префрлувањата од Вашингтон кои започнаа кон крајот на летото.

Во септември, американскиот претседател Барак Обама ја наведе Унгарија меѓу земјите во коишто е присутна „закана за цивилниот сектор“.

Последните седмици американската администрација изрази жалење поради „негативниот развој“ на Унгарија, и прогласи за непожелни лица во САД шест унгарски функционери кои ги сомничи за корупција, меѓу кои и директорката на тамошната управа за даноци. Медиумите во Будимпешта пишуваа дека станува збор за американска одмазда, поради инспекциите во американски компании кои работат во Унгарија.

Според Виктор Орбан, американското незадоволство е директно поврзано со поддршката на Будимпешта на планот за изградбата на рускиот гасовод Јужен тек кој ќе ја заобиколи Украина. Орбан во вторникот навечер потврди дека е решителен во поглед на реализацијата на рускиот гасовод Јужен тек, на што се противат Европската унија и САД, ден откако парламентот во Будимпешта со надмоќно мнозинство ги усвои амандманите со кои се отвора патот из изградбата на унгарската делница.

„Иако траат немирите во Украина, гасот треба да може да стигне до Унгарија. Затоа ни е потребен уште еден гасовод освен оној кој минува низ Украина. Германците веќе го изградија Северниот тек, па можат да ја избегнат Украина како потенцијален извор на опасност. Ние го сакаме само она што го сакаат и Германците, ништо повеќе“, објасни унгарскиот премиер.

Претходни во понеделникот доцна вечерта, унгарскиот парламент со 132 гласа „за“ и 35 „против“ го усвои амандманот со кој со кој се овозможува некоја компанија да изгради гасовод иако ги нема потребните дозволи со нив да управува и теоретски би можел да ја овозможи изградбата на делницата низ Унгарија на рускиот гасовод Јужен тек до 2017 година.

Унгарската гасна компанија MVM во 2012 година потпиша со рускиот државен енергетски гигант „Газпром“ договор за изградба на гасоводот Јужен тек низ Унгарија, но нивната нова компанија за реализација на тој проект нема оперативна дозвола. Изградбата на унгарската делница на Јужен тек, во должина од 229 километри, сега би можела да започне за шест месеци.

Унгарија во јануари со Русија договори и изградба на два нови блокови во нуклеарката Пакс, јужно до главниот град Будимпешта, за што од Русија доби заем од десет милијарди евра, но го предизвика гневот на ЕУ и на САД. Покрај тоа, премиерот Виктор Орбан го суспендираше испорачувањето гас за Украина, по што „Газпром“ ги зголеми испораките за Унгарија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

16-годишно момче избодено во училиште во Германија

Објавено пред

16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.

dobivaj vesti na viber

На нападот наводно му претходела вербална расправија.

Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.

Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.

По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.

Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“

Објавено пред

45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.

dobivaj vesti na viber

Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.

Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.

Прикажи повеќе...

Европа

Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС

Објавено пред

Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.

dobivaj vesti na viber

Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.

Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.

Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.

Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.

– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.

Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија4 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија5 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ7 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија8 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет10 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет10 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет10 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион11 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет11 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија22 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија22 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија23 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...