Европа
Шпанскиот суд ги потврди обвиненијата против принцезата Кристина
Шпанскиот суд во петокот објави дека ќе го потврди обвинението за затајување данок против шпанската принцеза Кристина Бурбонска, сестра на кралот Фелипе Шести во истрагата за корупцијата којашто со бројните други случаи на корупција во земјата ја разниша довербата на Шпанците во државните институции.
Шпанскиот суд во петокот објави дека ќе го потврди обвинението за затајување данок против шпанската принцеза Кристина Бурбонска, сестра на кралот Фелипе Шести во истрагата за корупцијата којашто со бројните други случаи на корупција во земјата ја разниша довербата на Шпанците во државните институции.
Судот во Палма де Мајорка објави дека ќе го отфрли обвинението според коешто шпанската принцеза Кристина Бурбонска се товари за перење пари во рамките на истрагата за деловните афери на нејзиниот сопруг, Инаки Урдангарин кој е под истрага за проневерување пари.
Сé уште не е познато дали 49-годишната принцеза Кристина ќе мора да се појавува пред судот, имајќи предвид дека шпанскиот закон овозможува обвинетиот да биде изземен од доаѓање во суд доколку оштетените, во случајот шпанската држава, не стои зад обвинението.
Обемните истраги открија корупција низ цела Шпанија. Меѓу осомничените се политичари, банкари, градски советници и членови на синдикалните организации кои ги трошеле државните пари.
Пресудата на Високиот суд е еден од последните процесни чекори пред започнување на судењето кое би можело да бара принцезата Кристина да се појавува на рочиштата продолжувајќи го срамотењето на шпанското кралско семејство под новокрунисаниот крал Фелипе Шести.
Имотот на сопругот на принцезата, Инаки Урдангарин, беше запленета минатата 2013 година, поп обвиненијата дека злоупотребил милиони евра јавни средства дадени во добротворните фондации кој ги водел. Тој ги негираше сите обвинувања./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.