Контакт

Европа

Париското обвинителство потврди 120 мртви, медиумите јавуваат за 153

Објавено пред

Париското обвинителство ги потврди убиствата на најмалку 120 луѓе во низата терористички напади во француската престолнина, вклучително и масакрот во концертната сала „Batalcan“ и самоубиствените експлозии кај стадионот „Stade de France“, додека француските медиуми повикувајќи се на различни извори јавуваат за 140 до 153 загинати, во најкрвавиот напад во историјата на Франција.

dobivaj vesti na viber

Парискиот државен обвинител Франсоа Моленс изјави дабот утрото во саботата дека во нападите се убиени најмалку 120 луѓе, што е првата бројка којашто ја изнесе некои официјален извор. Според него, во текот на ноќта биле неутрализирани пет напаѓачи, од кои тројца во концертната сала кои од автомати стрелале и фрлале гранати врз повеќе од сто заложници.Агенцијата AFP, пак, повикувајќи се на извори од истрагата подоцна објави дека во нападите во Париз учествувале и биле ликвидирани осум терористи. Четворица од нив биле убиени во концертната сала, тројца кај стадионот и еден на булеварот Волтер. Шестмина од нив се кренале во воздух со ткн „самоубиствени појаси“.Според телевизијата CNN, која се повикува на извор во француското министерство за внатрешни работи, само во концертната сала биле убиени 112 луѓе.Околу 1.500 луѓе биле присутни во салата „Bataclan“ на концертот на американската метал група Eagles of Death Metal (EODM), сала која е во близина на редакцијата на сатиричниот весник Charlie Hebdo кој во јануари годинава беше цел на терористички напад во кој беа убиени 12 луѓе. „Двајца или тројца вооружени со ‘калашникови’ упаднаа во салата и почна на слепо да пукаат врз луѓето. Тоа таеше десет петнаесет минути. Беше многу крваво Почна паника, сите трчаа, се сопнуваа“, изјави за радиото Europe 1, Жулиен Парс, кој бил во салата.Неколку други очевидци изјавија дека напаѓачите извикувале „Алаху Акбар“ (Господ е голем) и оти нападот е одмазда за францускиот претседател Франсоа Оланд поради учеството во нападите врз џихадистите во Сирија. „Пукаа директно во масата. Крв имаше насекаде, мртви насекаде“, изјави очевидецот Пјер Жансак за бројните телевизиски екипи.Полициски извори потврдија дека сите напаѓачи биле убиени во полициската акција откако било сфатено дека не станува збор за заложничка криза, како што во прв момент се мислеше. Напаѓачите не биле маскирани и носеле експлозивни појаси.Вкупно имало шест или седум симултани напади во неколку делови од градот. Најмалку три експлозии, од кои најмалку една ја предизвикал  Во најмалку шест кварта во француската престолнина непознати напаѓачи во петокот ноќта отвориле оган од автоматско оружје, соопштија полициски извори за телевизијата BFV TV. Речиси сите места на нападите се наоѓаат на десниот брег од реката Сена. Засега се познати терористичките чинови во концертната сала „Bataklan“, камбоџанскиот ресторан „Petit Cambodge“ во близина на Плоштадот на Републиката, и во неколку улици од овој плоштад кон Плоштадот Бастилја. Една од двете или трите експлозии во близина на „Stade de France“ во предградието Сен Дени, според агенцијата AFP, го извршил бомбаш самоубиец.Станува збор за најголемиот самоубиствен бомбашки напад во Франција во модерната историја. На натпреварот имаше околу 80.000 гледачи, меѓу кои и францускиот претседател Франсоа Оланд, кој во времето на нападите го следеше пријателскиот фудбалски меч меѓу Франција и Германија на стадионот „Stade de France“ во придружба на шефовите на дипломатиите на двете земји, Лоран Фабиус и Франк-Валтер ШтајнамерФранцускиот претседател во обраќањето на нацијата прогласи вонредна состојба и затворање на границите. Мобилизирани се сите служби за вонредни состојби на полицајците им е суспендиран годишниот одмор, а болниците ги повикаа своите персонали да се јават за да се справата со приливот жртви и да бидат подготвени.Оланд подоцна го посети полицискиот команден центар во близина на салата „Bataclan“ и рече дека Франција ќе биде немилосрдна кон оние кои го извеле нападот. „Сакав да дојдам меѓу луѓето кои беа сведоци на овие грозни сцени, да им кажам дека ќе поведеме битка и ќе бидеме немилосрдни“, рече Оланд пред салата.Иако не е потврдена автентичноста на пораката, италијанската телевизија Sky Tg24 цитираше наводна објава на Исламската држава со која ја презема одговорноста за нападот. „Ова е одмазда за Сирија. Ова е 11-ти септември на Франција“, се наведува во цитираната порака, во која се алудира на нападите коишто џихадистите на Ал Каеда на 11-ти септември 2001 година ги извршија врз САД, кога беа убиени повеќе од три илјади луѓе.Иако сé уште не е официјално потврдено, медиумите наведуваат дека е очигледно дека станува збор за синхронизирани напади врз Франција, која е соочновач на коалицијата за борбата против тероризмот, која предводена од САД вршат воздушни напади врз Исламската држава во Сирија и Ирак. Се истакнува дека нападите се случија иако во земјата и особено во Париз последните денови е подигната подготвеноста на безбедносните служби и сили поради глобалниот самит за климата кој ќе се одржи во францускиот главен град кон крајот на месецов.Меѓународните аеродроми во Париз и Франција работата во вообичаениот режим, иако неколку американски воздухопловни компании привремено ги суспендираа летовите кон оваа земја./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена

Објавено пред

Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.

dobivaj vesti na viber

Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.

Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.

Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.

Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.

Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.

Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.

Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украина уништи моќен руски ракетен лансер

Објавено пред

Ракетата TOS-1A LANSER често се нарекува тежок фрлач на пламен поради специфичната термобарична муниција што ја истрелува, која е ефикасна против силно утврдените одбранбени позиции.

dobivaj vesti na viber

„Војниците од 93-та механизирана бригада уништија уште еден руски тежок пламен фрлач TOS-1A Solntsepyok користејќи беспилотно летало за ноќно гледање FPV“, се вели во објавата на Твитер. Не е наведено кога и каде се случил нападот.

Вредноста на еден таков систем се проценува на 6,5 милиони долари.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје

Објавено пред

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје на бојното поле, објави Организацијата за забрана на хемиско оружје.

dobivaj vesti na viber

Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека наводите се „недоволно потврдени“ со доказите, но во соопштението се додава:

„Ситуацијата останува нестабилна и крајно загрижувачка кога станува збор за потенцијалната употреба на токсични хемикалии како оружје“.

Ниту Русија ниту Украина официјално не побарале од организацијата да ја истражи наводната употреба на хемиско оружје, се вели во соопштението.

Минатата недела, САД соопштија дека Русија ја прекршила меѓународната забрана за употреба на хемиско оружје, која е надгледувана од Организацијата.

Таа, наводно, користела хлоропикрин, моќен пестицид што се користи во земјоделството и е забранет за воена употреба, против украинските трупи и користела хемиски соединенија кои привремено ги онеспособуваат луѓето, како солзавец, „како метод за војување“ во Украина.

Ова следеше по украинските тврдења во април дека Русија ја засилила употребата на солзавец во рововите. Русија ги отфрли обвинувањата, а украинските власти не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар во вторникот.

Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека ја следат ситуацијата од февруари 2022 година, кога Москва ја нападна Украина. Според Конвенцијата за хемиско оружје, секоја токсична хемикалија што се користи за да предизвика повреда или смрт се смета за хемиско оружје.

Употребата на токсични агенси на бојното поле во војна е против Конвенцијата, соопшти Организацијата за забрана на хемиско оружје. „Доколку се користат како метод на војување, овие агенси се сметаат за хемиско оружје и затоа, според Конвенцијата, тие се забранети“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ9 часа

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија10 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија13 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија14 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија16 часа

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ18 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет18 часа

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија18 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија19 часа

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија19 часа

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија1 ден

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија1 ден

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ1 ден

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ1 ден

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет1 ден

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет2 дена

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија2 дена

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија2 дена

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија2 дена

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија2 дена

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...