Европа
Петстотини луѓе на закопот на напаѓачот во Копенхаген, истрагата напредува

Околу петстотини луѓе се собрале во петокот во Данска на закопот на осомничениот за двата напада со две жртви и петмина ранети од минатиот викенд Омар ел-Хусеин, а данската полиција во петокот потврди дека негова ДНК е пронајдена на местото од првиот напад.
Овој 22-годишен маж роден во Данска, од палестинско потекло, бил погребан во текот на попладнето на муслиманските гробишта во Броендби, во западниот дел од престолнината Копенхаген. Петстотини луѓе се собрале околу неговиот гроб на кој нема никакви ознаки, пренесува AFP.
Пред закопот во локалната џамија било одржано кусо проштевање со покојникот по традиционалната петочна молитва.
Шефот на погребната служба на исламската заедница во Данска, Касем Саид Ахмад изјавил за весникот Jyllands-Posten, дека луѓето на погребот дошле да „му пружат потпора на неговото семејство, а не нему“.
Осомничениот минатата сабота прво го нападна културниот центар во Копенхаген каде што се одржуваше трибина за исламот и слободата на говорот со учество на шведскиот карикатурист Ларс Вилск, чија глава беше уценета на 150.000 долари и беше повеќепати цел на напади поради тоа што во 2007 година објави карикатура на пророкот Мухамед прикажан како пес. Напаѓачот врз објектот пукал 28 пати од „М-95“, моќна пушка која подоцна ја пронајде полицијата. Еден од куршумите беше фатален за 55-годишниот дански режисер Фин Ноергард.
Неколку часа подоцна, напаѓачот дошол пред синагогата во Копенхаген со два пиштола и го убил мажот кој ги проверувал гостите на церемонија, 37-годишниот Евреин Дан Узан, кој беше погребан во средата со присуство на данската премиерка.
Данската полиција упати повик до очевидците да ѝ се обратат објавувајќи фотографии на осомничениот за нападот.
Истрагата во петокот потврди дека ДНК на Омар ел-Хусеин е пронајдена на местото од првиот напад и дека малку пред нападот бил забележан пред синагогата. Хусеин беше убиени во неделата во мугрите во престрелка со полицијата во близина на неговиот дом близу железничката станица.
Данските медиуми објавија дека тој бил претходно познат на полицијата, откако бил осуден за насилно однесување, како и по припадност на локалните банди./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин