Европа
По вести за истрели паника на собирот во центарот во Париз, полицијата демантира – ВИДЕО
Стотици луѓе кои се собраа на Плоштадот на Републиката во центарот на француската престолнина Париз се дадоа во бегство во неделата навечер поради, како што подоцна соопшти полицијата, најверојатно лажна тревога, додека на улицата Сан Мартен во во центарот на градот одекнале истрели, кои првично полицајци ги потврдиле, а подоцна полицијата официјално негираше за истрели во два други реона на француската престолнина.
Нервите на парижаните се напнати по пукањето и самоубиствените бомбашки напади од петокот вечерта и луѓето одненадеж почнаа да бегаат од плоштадот каде што спонтано почна ада се собираат во чест на жртвите од петокот, иако градските власти на Париз беа против неговото одржување.„Масата почна да се движи без некоја причина. Не слушнавме ништо, како што и сите луѓе коишто ги прашавме не слушнале ништо“, изјавил за Reuters полициски службеник .Истрели се слушнале на улицата Сен Мартен, со извиците „Се пука!“ ги евакуирале луѓето, пренесува пак дописникот на агенцијата на РИА од центарот на Париз. Сепак, полицијата официјално негира дека имало истрели во неколку области на градот.Репортерот на РИА од местото на настанот вели дека серија истрели се слушнале на улицата Сен Мартен меѓу 2-от и 3-ит арондисман на Париз, околу 18,30 часот по локално време. Тоа го потврдил полициски службеници на местото на настанот, кои обарале од собраните луѓе да ја напуштат областа.Луѓето со панични крици почнале да бегаат, да се засолнуваат во влезови, локали и продавници, а многу брзо биле спуштени металните заштитни капаци на излозите од многу продавници.Репортерот известува и дека на еден агол имало неколку луѓе во цивилно облека со пиштоли. Потоа од далечина се слушале звуци кои многу наликувале на истрели од огнено оружје. На улицата Сен Мартен набргу дошле неколку полициски возила и брза помош. На асфалтот на средина на улицата една жена лежела на грб, и биле одвезена со возило на брзата помош. Полицијата ја блокирала улицата, а луѓето го испратиле зад аглите на блоковите во соседните улици. Неколку луѓе кои се сокриле во контејнер за ѓубре, полицајците ги натерала да излезат велејќи им „бегајте од овде, пукаа“.Телевизиските снимки кои претходно ги покажуваа луѓето како се собираат околу споменикот за да им одадат чест на убиените во нападите на исламистичките радикали во петокот, подоцна покажуваат речиси празен простор.Неименуван службеник на службата за брза помош за Reuters изјавил дека луѓето биле уверени дека слушнале пукање, но дека немаат потврда за никакви пукотници. Панично бегање на масата имало и кај барот каде во петокот имаше пукотници и во неделата навечер парижани спонтано по ист повод се собра, но друг полициски службеник рекол дека и во тој случај станува збор за лажна тревога./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.