Европа
Подморницата во шведските води е руско пловило од Првата светска војна – ВИДЕО
Подморницата којашто минатата недела била пронајдена во водите крај источниот брег на Шведска и се мислеше дека мистериозната подморница наводно руска која неодамна била регистрирана во истите води, е руско подводно пловило од типот „Сом“ потонато во 1916 година, во текот на Првата светска војна, објави во вторникот шведското министерство за одбрана.
„Со голема веројатност дека станува збор за руска подморници ‘Сом’ со 18 морнари , потоната во судир со шведски брод во 1916 година, за периодот меѓу Првата светска војна и Октомвриската револуција“, се вели во соопштението што го цитира весникот Daagens Nyheter.
Експертите на шведското министерство за одбрана сметаат дека конструкцијата на подморницата и видливиот дел од корпусот на бродот ја оправдуваат претпоставката дека станува збор за останки од руско пловило. За да се биде потполно сигурен во тоа потребна е техничка анализа, но во министерството рекле дека не гледаат потреба за тоа.
„Оваа подморница е предмет на интерес на воените историчари или поморските археолози, бидејќи оваа локација може да добие статус на воени гробишта“, се истакнува во соопштението за сознанијата со кои била запознаена и владата во Стокхолм.
Подморницата на три километра од источниот брег на Шведска меѓу копното и Аландските острови брегот во водите на Балтичкото Море минатата седмица ја пронајдоа нуркачите на шведската поморска истражувачка компанија „Ocean X-team“.
Должината на подморницата е 20 метри, а широчината на трупот три метар. Притоа не се откриени оштетувања на трупот, а сите безбедносни решетки биле затворени, поради што се претпоставува дека екипажот не можел да го напушти бродот.
Шведската армија извести ланскиот ноември дека помала подморница неовластено влегла во шведските територијални води, една седмица откако цела седмица шведската морнарица трагаше по наводна руска подморница којашто наводно била забележана во водите наспроти престолнината Стокхолм. Москва тогаш решително демантираше дека ниедно руско пловило не влегло во шведските територијални води.
Подводното пловило од типот „сом“, била експериментална а потоа и глава во серијата подморници кои биле развивани под раководство на американскиот инженер Артур Леополд Буш. Првата ваква подморница била изградена во 1901.1902 година според проектот под назив „Holland VIIR“ во бродоградилиште „Crescent Shipyard“ во градот Елизабет, во американската сојузна држава Њу Џерси.
Изградена под името „Fulton“ во 1901 година, на 2-ри јуни истата година била порината во море. До 1904 година била тестирана и промовирана низ САД. На 28-ми април 1902 година навлегла во Часапискиот залив каде што доживеала хаварија, откако по електрично искрење експлодирала смеса од водород и кислород. Повредени биле командантот, четворица морнари и австриски поморски офицер.
Точно две години подоцна, на 28-ми април 1904 година со посредство на партнерството на „Невскиот бродоградежени механички завод “ од Санкт Петербург, овој тип подморница влегол во составот на тогашната Руска царска морнарица./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Голем пожар во фабрика во Берлин, жителите предупредени да го избегнуваат подрачјето
Голем пожар во фабрика во Берлин-Лихтерфелд, која произведува системи за противвоздушна одбрана што се користат на бојното поле во Украина.
Противпожарната бригада предупредува на отровен чад, пренесува „Билд“.
‼️ A defense-industrial company factory is on fire in Berlin
According to media reports, a fire with toxic smoke occurred at a metallurgical plant of the defense-industrial company Diehl. The company is the main contractor of the IRIS-T production program and ammunition for this… pic.twitter.com/jZBBXTEdSm
— NEXTA (@nexta_tv) May 3, 2024
Адријан Венцел, портпарол на берлинската противпожарна бригада, изјави за Билд:
„Целосно изгореа четири ката од зградата. Дел од неа е веќе урнат, а ја гаснеме однадвор. Пожарот повеќе не може да се стави под контрола однатре.
Дежураат околу 160 пожарникари. Спасувачите носат заштитни одела.
Можеме да потврдиме дека во зградата биле запалени и хемикалии. Таму биле складирани сулфурна киселина и бакар цијанид. Постои ризик да се формира водород цијанид и да се издигне во воздухот со чад“, додаде портпаролот.
Противпожарната бригада го информираше населението преку апликации за предупредување.
Feuer mit Explosionen in Berlin Lichterfelde am 03.05.2024 #Feuerwehr #brand pic.twitter.com/4hZG5XekU0
— Niko (@nl_an) May 3, 2024
Станува збор за фирма „Diehl Metal Applications“ која има сопствен систем за доработка на метални површини во објектот.
По проценка на временските услови и соодветниот правец на ветерот, чадот од фабриката се пресели на север. Противпожарната бригада советува избегнување на просторот околу претпријатието, затворање на прозорците и вратите и исклучување на вентилацијата и климатизацијата.
Сојузната држава Берлин издаде официјално предупредување за опасност, советувајќи ги луѓето да ја избегнуваат областа.
Учениците и наставниците од околните училишта беа испратени дома.
Во е-пошта до родителите, една гимназија испратила порака во која ги замолува учениците да останат дома.
Засега нема информации за причината за пожарот, но соопштено е дека нема повредени.
Европа
Борис Џонсон го вратија од гласање, дојде без лична карта: се обиде да го заобиколи сопствениот закон
Борис Џонсон (59), поранешниот британски премиер, во четвртокот бил вратен од избирачкото место, откако се обидел да гласа без лична карта, односно документ со фотографија. Како што пренесува „Гардијан“, Џонсон се обидел да го измами сопствениот закон, бидејќи токму за време на неговиот мандат во Велика Британија била донесена одредба со која се барал документ со фотографија за гласање.
Џонсон, кој поднесе оставка во 2022 година по мандатот обележан со бројни скандали, беше предупреден на избирачко место во Оксфордшир (Јужна Англија) дека мора да го има потребниот документ за докажување на неговиот идентитет. На гласачкото место му дозволија да гласа на локалните избори кои се одржаа низ цела Англија.
Портпаролот на поранешниот премиер изјави дека Џонсон гласал за конзервативците. Тој не ги демантираше пишувањата на медиумите дека поранешниот премиер немал лични документи со фотографија. Минатата година на изборите по промената на законот, околу четири отсто од испитаниците се изјасниле дека не гласале токму затоа што немаат документ со фотографија. Тоа е нешто помалку од околу 800.000 гласачи.
Владата на Џонсон го промени изборниот закон за да ја ограничи можноста за изборен фалсификат, а опозицијата остро ги критикуваше властите за потенцијално обесправување на делови од гласачкото тело. Претходно, гласачите требаше да го дадат само своето име и адреса за да гласаат.
„Мислам дека не е неразумно да се бара од оние што гласаат да покажат некаков доказ за идентитетот“, рече Џонсон во 2021 година за новите правила.
Ова е само последниот инцидент во неговата шарена политичка кариера. Како премиер беше снимен како се крие во фрижидер додека новинарска екипа го бараше за интервју, пренесува медиумот.
Истражувањето спроведено од „YouGov“ покажало дека 14 отсто од Британците пред локалните избори не знаеле дека постои правило за идентификација на гласачите со помош на лични документи.
Европа
Захарова: Секоја агресија врз Крим ќе биде проследена со силна одмазда
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска ги предупреди Вашингтон, Лондон и Брисел дека сите агресивни дејствија против Крим и мостот на Крим се осудени на неуспех и ќе бидат одговорени со силна одмазда.
„Би сакала повторно да ги предупредам Вашингтон, Лондон и Брисел дека сите агресивни дејства против Крим не само што се осудени на неуспех, туку и ќе бидат одговорени со силна одмазда“, рече Захарова на прес-конференцијата, пренесе ТАСС.
Крим е полуостров со оспорен статус, тој е под де факто контрола на Русија и е поделен на два субјекта на Руската Федерација, Република Крим и град со федерален статус Севастопол, пренесува медиумот.
Украина го смета Крим за дел од својата територија и не ја признава неговата анексија кон Русија.