Контакт

Европа

Politico: Европската унија се врти кон Исток

Објавено пред


 

Со посетата на премиерот на Јапонија Шинзо Абе на Брисел, Европската унија се соочува со зголемен притисок да го покаже ветеното свртување кон Азија и да склучи нов трговски договор, со што ќе се потврди стратешкото политичко партнерство со Јапонија, пишува во понеделникот Politico.

 

По изборот на Доналд Трамп за претседател на САД европските лидери побрзаа да се претстават како новите лидери на слободната трговија во светот и ветија дека ќе го пополнат вакуумот создаден од зголемениот протекционизам на САД.

 

Трансакциите со Азија не се новост за Европската унија, која има големи договори со Јужна Кореја, Сингапур и Виетнам. Високи функционери во Брисел изразуваат оптимизам во врска со склучувањето договор со Токио, што ќе биде нивна најголема комерцијална трансакција.

 

Се повеќе се зголемува поддршката за сличен договор од страна на германските автомобилски производители, кои се меѓу највлијателните групи во европската индустрија.

 

“Европа ќе продолжи да се бори за отвореноста во економијата заснована на правилата на слободна трговија, бидејќи за нас тоа е важно и поради знаците на зародиш на протекционизмот кој се појавува на друго место”, коментира претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.  “Трговијата зазема централно место во нашиот економски успех”, истакна тој.крај/мф/кс

Европа

Групите на жртвите го одбија извинувањето од ЕТА

Објавено пред

Од

Извинувањето од баскиската организација ЕТА за убиството на луѓе за време на нивните борби за независност на Баскија е одбиенo од страна на групите на жртвите.

Сепаратистите во шпанската Баскија побараа прошка за убиството на луѓе без директно учество во конфликтот.

Групите на жртвите ја обвинија ЕТА дека сака да ја оправда употребата на насилство и се обидува да ја преработи историјата.

Се очекува ЕТА да го објави своето распуштање во наредните недели.

Милитантите убија повеќе од 800 луѓе и повредија илјадници за време на 40-годишниот конфликт, во обид да основаат независна баскиска држава во областа што се шири низ северна Шпанија и во југозападна Франција.

Прикажи повеќе...

Европа

Принцот Чарлс ќе биде новиот лидер на Комонвелтот

Објавено пред

Од

Принцот Чарлс од Велс е избран за нов шеф на Комонвелтот на нациите, јавува Би-би-си. Кралицата соопштила дека тоа била нејзината искрена желба, принцот Чарлс да ја наследи по нејзината смрт.

Лидерите на државите членки на Комонвелтот разговарале за ова прашање на состанокот зад затворени врати во замокот Виндзор, при што ја донеле одлуката за назначувањето.

Предлогот, раководството на организацијата да биде по ротациски принцип, меѓу 53-те држави членки беше отфрлен, а кралицата, британската влада и други лидери изразија поддршка за принцот Чарлс.

Комонвелтот на нациите е меѓународна организација во која членуваат Велика Британија и најголемиот број поранешни британски колонии.

Британската премиерка Тереза Меј и канадскиот премиер Џастин Трудо претходно ја дадоа својата поддршка на принцот Чарлс.

Прикажи повеќе...

Европа

Најмалку 54 лица повредени во железничка несреќа во Салцбург

Објавено пред

Од

Најмалку 54 лица се повредени во железничка несреќа во Салцбург, соопштија претставници на австриската железница. Портпаролот на железницата ОББ изјави дека 54 лица биле пренесени во болница и дека сите се со лесни повреди.

Несреќата се случила додека возот бил на станицата во текот на маневр за спојување вагони од два воза од линиите Венеција-Салцбург и Цирих-Салцбург.

Во вагоните во моментот на судирот имало околу 240 патници. Возот од Салцбург требало да продолжи за Виена.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Владата допрва ќе одлучува дали Орце Камчев ќе стане почесен конзул на Бугарија

Владата допрва ќе одлучува за барањето на Бугарија бизнисменот Орце Камчев да биде именуван за почесен конзул во Македонија. Портпаролот...

Македонија4 часа

Скопје ќе добие нов екоавтобус

Нов екоавтобус ќе сообраќа на линијата со број 2 на релацијата од Автокоманда до Сарај и обратно, објави денеска градоначалникот...

Македонија5 часа

Манчевски: Регистарот на населението не е замена за попис

Министерството за информатичко општество и администрација денеска организира јавна трибина за Законот за централен регистар на населението и Законот за...

Македонија5 часа

Фејзи Азири ќе биде вратен во затвор

Фејзи Азири, обвинет во случајот „Монструм“, ќе биде вратен во затвор за издржување затворска казна за нелегално поседување оружје. Кривичниот...

Македонија5 часа

Двајца обвинети за крвавиот четврток излегуваат од притвор бидејќи понудиле гаранција

Две лица, кои се меѓу обвинетите за наслилствaта во Собранието од 27 април минатата година, ќе излезат од притвор бидејќи...

Македонија8 часа

Ердоган: Македонија има поддршка од Турција за влез во НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во Анкара се сретна со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Како што соопшти собраниската прес-служба,...

Свет9 часа

Лавров: Путин и Трамп нема да дозволат вооружен судир

Владимир Путин и Доналд Трамп нема да дозволат вооружен судир меѓу Русија и САД, изјави рускиот министер за надворешни работи,...

Македонија9 часа

Ново рочиште за набавката на „мерцедесот“ од 600.000 евра

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжи судењето за предметот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на...

Македонија9 часа

Јанакиески на суд за „Сончев Град“

Во кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот „Топлик“ на специјалното јавно обвинителство, во кој се обвинети...

Македонија1 ден

ЕЛЕМ: Децата на Грчев и Џафери се ангажирани оти имаа исклучителни биографии

По вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ за „Макфакс“...

Македонија1 ден

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија1 ден

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион1 ден

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија1 ден

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија1 ден

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет1 ден

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија2 дена

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Македонија2 дена

(Видео) Могерини: Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа

Се вративте назад на патеката. Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа. Ова го порача високата...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Препораката со години беше условена поради кризата и назадувањето со реформите

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од Европската Унија, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со високата...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Позитивниот извештај од Европската комисија не е новина

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“. „Се крие опсегот на...

Досие