Европа
Полска: Почна ексхумацијата на останките на екс претседателот Лех Качински
Полското обвинителство започна во понеделникот ексхумацијана останките на поранешниот претседател Лех Качински, кој загина во воздухопловна несреќа во Русија во 2010 година, заедно со уште 96 луѓе, повеќето високи државни функционери, поради можна нова истрага за трагедијата којашто предизвика поделби во полската јавност.
Станува збор за најлошата несреќа од овој вид во Полска од Втората светска војна која длабоко го подели тамошното општество. Истрагата на претходната влада заклучи дека одговорноста паѓа на пилотот, капетанот на летот, кој од некои причини, наводно поради инсистирање на високи лица од државната делегација ги пренебрегнал предупредувањата од белоруската и руската контрола на летањето за лошите услови на аеродромот во Смоленск и не се упатил кон алтернативен аеродром, и при намалена видливост закачил во крошните од дрвата пред пистата. Несреќата се случи кога пилотот се обидел да го приземји авионот од советско производство „Ту-154“ во густата магла над аеродромот во западна Русија.
Несреќата кај рускиот град Смоленск, во западна Русија, во којашто загина и сопругата на поранешниот претседател, гувернерот на централната банка и врховниот воен командант, предизвика во Полска контроверзии, а некои тврдат дека несреќата е намерно предизвикана.
Поранешниот полски претседател Бронислав Коморовски ја критикуваше владата поради ексхумацијата, тврдејќи дека трагедијата во Смоленск се користи како „стап“ по главата на политичките ривали.
Сега владејачката партија Правда и справедливост (PiS) чиј челник е братот близнак на починатиот претседател Јарослав Качински, пак, се сомнева дека причина за несреќата е експлозија во авионот. Полскиот министер за одбрана во јуни годинава изјави дека авионот се распаднал на неколку метри над земјата, на 900 метри од местото на падот.
Новата полска комисија за истрагата тврди дека целосната верзија од записите на „црните кутии“ укажува дека во последните секунди од летот во авионот откажал генераторот, моторот и инструментите за отчитување на височината. Исто така, сега се сака да се испита дали телата се правилно идентификувани.
Полското обвинителство одлучи да ги отвори ковчезите на жртвите, кои беа запечатени во Русија, тврдејќи дека анализите на посмртните останки се потреби за да се утврди причината за падот на авионот. Шест од девет претходно ексхумирани тела биле погрешно идентификувани, беше утврдено во јуни.
Медиумите тврдат дека челникот на PiS, Јарослав Качински бил присутен во понеделникот на ексхумацијата на останките на неговиот брат близнак.
Анкетите покажуваат дека само десет отсто од Полјаците ја одобруваат ексхумацијата. Во октомври 200 членови на семејствата на 17 од 96 од жртвите напишаа отворено писмо до сегашниот полски претседател Андреј Дуда во коешто велат дека се „вознемирени поради свирепиот и безчувствителен“ чин. Дуда, пак, ги повика на „разбирање“ кон државните обвинители коишто според законот морале да наредат ексхумација.
Премиерката Беата Шилдо на протестите одговори дека „тоа е закон и тоа мора да се прифати“.
Полската делегација требаше да учествува на комеморацијата за 22.000 полски офицери кои во 1940 година и убила советската тајна полиција, а според некои историчари дел биле ликвидирани од нацистите. Претходно Русија на Полска ѝ ги предаде списите од архивите за овој масакр познат во историјата како масакрот од Катинската шума, но Варшава обвинува дека Москва не сака да ги врати остатоците од авионот. Тоа долева масло на огнот и така подгревајќи ги теориите на заговор. Москва, пак, порачува дека таа спроведува своја сопствена истрага./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.