Контакт

Европа

Порошенко подготвен за прекин на огнот под одредени услови, Хелетеј ќе го враќа Крим

Објавено пред

Украинскиот претседател Петро Порошенко во четвртокот навечер во телефонскиот разговор за американскиот потпретседателот Џозеф Бајден изјави дека е подготвен да се ангажира на прекин на огнот со проруските бунтовници доколку бидат исполнети одредени услов, додека неговиот нов министер за одбрана Валериј Хелетеј вети дека ќе одржи „парада на поедата“ на Крим кој планира да го врати во уставно-правниот поредок на Украина откако овој црноморски полуостров во март преку референдум си ја поврати автономијата што ја имаше во раните 1990-те и се присоедини кон Русија.

dobivaj vesti na viber

„(Претседателот Петро) Порошенко истакна дека е подготвен да работи на прекин на огнот што добие потврда дека тоа е прифатено од двете страни, како и потврда за пуштање на слобода на заложниците и воспоставување контрола на границата преку набљудувачите на ОБСЕ“, се наведува во соопштението објавено на официјалната интернет страница на украинскиот претседател, пренесе агенцијата УНН.Порошенко во понеделникот и покрај повиците на западните партнери и на Москва не го продолжи примирјето ,обвинувајќи ги проруските бунтовници дека не го почитувале прекинот на огнот. Тој ја обвини Русија дека преку заедничката граница овозможува влегување на украинската територија на борци и оружје.Украинскиот претседател не одговори ниту на повикот на рускиот колега Владимир Путин од минатата седмица украинските граничари и набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на граничните преми од страна на руската територијата за да се потврдат или негираат тврдењата дека преку руската граница се префрлуваат оружје, техника и борци во побунетите источни региони на Украина, каде е мнозинска руската и рософоната заедница, а украинската армија повеќе од два месеца безуспешно се обидува да воспостави контрола.Претходно, новиот украински министер за Одбрана, 46-годишниот генерал Валериј Хелетеј кого го предложи Порошенко а го изгласа Врховната Рада (парламентот) изјави дека  треба да му се верува оти „(…) ќе приредиме парада на победата во украински Севастопол, во тоа нема никаков сомнеж“, пренесе BBC. Статусот на Севастопол, во кој огромно мнозинство од населението се Руси и со векови е седиште на руската Црноморска флота, Москва го оспоруваше и многу порано од присоединувањето на Крим. Во четвртокот беше именуван и новиот началник на генералштабот на украинските воени сили, 52-годипниот Виктор Муженко, кој ја води воената операција против проруските бунтовници. Промените во армијата уследија откако Порошенко не го продолжи примирјето во понеделникот навечер и одлуката да ја продолжи офанзивата против бунтовниците во рускојазичниот исток на Украина каде тие преку референдуми прогласија ткн „народни републики“. Одлуката на Порошенко за продолжување на воената операција на истокот ја доби поддршката од САД, но и силна осуда од Русија, Според украински и бунтовнички извори, од април на истокот од Украина се убиени најмалку 250 цивили, Податоците на украинското министерство за одбрана говорот за 200 загинати и 619 ранети војници, и убиени над 800 бунтовници, додека проруските милиции тврдат дека бројот на убиените украински војници изнесува околу 1.500. Според податоците на Обединетите нации, најмалку 110 илјади Украинци ја напуштиле татковината и пребегнале најмногу во Русија, додека 54.400 се внатрешно раселени./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад

Објавено пред

Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.

dobivaj vesti na viber

Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.

Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.

Прикажи повеќе...

Европа

Мерц реизбран за лидер на ЦДУ

Објавено пред

Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.

dobivaj vesti na viber

Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.

Резултатот е негов втор најдобар досега.

Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.

Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.

Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.

Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

Прикажи повеќе...

Европа

Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија

Објавено пред

Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.

dobivaj vesti na viber

Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.

„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.

Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.

До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет2 часа

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет3 часа

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион15 часа

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет17 часа

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет19 часа

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ20 часа

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ20 часа

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија21 час

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија22 часа

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија23 часа

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија1 ден

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ1 ден

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија1 ден

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...

Свет1 ден

Украински генерал: Можеме да се бориме уште со години

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, изјави дека Украина е способна да води војна уште неколку години и...

Македонија1 ден

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија1 ден

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет1 ден

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет1 ден

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...