Европа
Противниците на Brexit во освојување на гласовите на лабуристите
Поборниците за останувањето на Велика Британија во Европската унија во понеделникот тргнаа во придобивањето на неодлучните гласачи на лабуристите кои би можеле да донесат предност на референдумот кој ќе се одржи на 23-ти јуни.
Загриженоста дека британските избирачи ќе гласаат за излегување од Европската унија (Brexit), во понеделникот ги намалија вредностите на азиските и на европските акции.
На обложувалниците, пак, паднаа коефициентите за останувањето на Велика Британија во ЕУ, а двете анкети кои во понеделникот ги објави ICM покажуваат дека кампањата за излегувањето ја зголемила својата предност пред оние кои се за останување.
Во јавната дебата во којашто доминира расколот во владејачката Конзервативна партија на премиерот Дејвид Камерон околу излегувањето, поборниците на останувањето се загрижени околу тоа дали нивната порака стасува до гласачите лабуристи за кои се смета дека ќе ја донесат предноста на референдумот.
Поборниците на останувањето во понеделникот ја покренаа акцијата под мотото „Лабуристите го возвраќаат ударот“, организирајќи серија говори на истакнати лабуристи.
„Во следните десет дена мораме да ја шириме својата порака меѓу луѓето. На Британија најдобро ѝ е кога гледа кон надвор, кога е ангажирана, гостољубива, свртена кон меѓународната сцена, свесна за својата улога во светот…., а не изолационистичка и затворена на островот“, рече поранешниот лабуристички премиер Гордон Браун во Лестер.
Браун е заслужен за решавачката интервенција во последниот миг пред шкотскиот референдум за независност во 2014 година, кога 55 отсто Шкоти гласаа за продолжување на унијата со Англија и покрај големата поддршка за сепаратистите.
Новинарите присутни на лабуристичкиот собир го прашаа Браун како планира да ги увери гласачите лабуристи кои се загрижени од нивото на имиграцијата дека тоа заслужува останување во ЕУ. Браун смета дека треба да се стори повеќе во прашањето на инвестициите во јавните услуги кои е под притисок од големото ниво на имиграција, додавајќи дека илегалното доселување е поголем проблем од ЕУ миграциите.
Иако лабуристите официјално се за останувањето во ЕУ, нивниот челник Џереми Корбин е критикуван дека не прави доволно да ја шири таа идеја, што тој во понеделникот го отфрли.
„Драго ми е што гледам дека лабуристите се поангажирани отколку изминатите месеци. Корбин и неговите колеги би можеле да дадат поголема поддршка. Охрабрувачки е што сега излегуваат во јавноста“, смета Три Скулер, претседател на трговската асоцијација EEF.
Со слаби изгледи за раст, загриженоста дека Brexit ќе ја врати Европа во рецесија на врвот од листата е загриженоста на инвеститорите, која вклучува и негативни каматни стапки и опасните економски нерамнотежи во Кина.
Иако повеќето анкети покажуваат дека Британците и натаму се поделени околу референдумот, анкетата која во петокот ја објави ORB, во која стои дека кампањата за излегување има 10-процентна предност пред кампањата за останувањето, ги вознемири пазарите.
Европските акции во понеделникот паднаа речиси за 1,9 отсто, додека азиските берзи забележаа најголем пад во последните четири месеци./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Намалениот број на станови доведе до раст на кириите во Германија
Растат кириите во Германија поради немањето станови во услови на високи градежни трошоци и кредити. Сето тоа го запре градежниот сектор и побарувачката, но и ги намали цените на квадратот, се вели во извештајот на здружението на банките.
Становите во Германија поевтиниле за 4,3 отсто во првиот квартал во однос на истиот период лани, објави здружението на германските банки„Pfandbrief“.
Цените за изнајмување на нови станови се зголемени за 5,6 отсто. Трендот на поскапување на кириите нема да запре, оценуваат од здружението.
„Пазарот за изнајмување станови е под огромен притисок. Побарувачката значително ја надминува понудата“, рече извршниот директор на здружението, Јенс Толкмит.
Трошоците за изградба значително се зголемија во последните години поради повисоките каматни стапки на кредитите и значително повисоките трошоци за работна сила и цените на градежните материјали. Во вакви услови се намали бројот на одобренија за градба, а побарувачката ослабе, што резултираше со пониски цени на становите, смета министерот за финансии.
Според податоците на здружението на банките, цените на недвижностите најмногу паднале во Минхен, за 5,3 отсто.
Во исто време, падот на градежната активност го продлабочува „недостигот“ на станови, зголемувајќи го натамошниот раст на закупнината, кој би можел да продолжи уште некое време.
Здружението оценува дека цените на станбените недвижности треба да се стабилизираат во догледна иднина, за разлика од комерцијалните недвижности, како што се деловните згради и трговските центри.
Цените во тој сегмент паднаа за речиси 10 проценти на годишно ниво и се уште не се гледа „дното“, вели првиот човек на здружението.
Проценките се базираат на податоци за работењето на повеќе од 700 банки кои се активни во финансирањето на недвижен имот, а не на понуди за купување и изнајмување кои служат како основа за Заводот за статистика, забележуваат тие во здружението.
Европа
(Видео) Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава
Во внатрешноста на заливот Трст, во близина на границата со Словенија, во вторникот попладне се формирал вител.
Италијанските медиуми јавија дека невремето не предизвикало материјална штета, ниту било закана за населението. Интервенцијата на пожарникарите и на пристанишните служби не била потребна.
Waterspout reported in the North Adriatic between the town of Muggia and Koper a few hours ago.
Original video shooting from meteoradar
➡️ https://t.co/SXbq5rbWaj pic.twitter.com/XxRu57Gohs— Alpine-Adriatic Meteorological Society (@aametsoc) May 7, 2024
Италијанската метеоролошка агенција објасни дека ваквите појави не се воопшто ретки и дека се резултат на екстремна нестабилност на атмосферата.
Областа на низок воздушен притисок, која владее со поголемиот дел од Италија, донесе влажни струи во Трстскиот Залив.
„Во овие временски услови, неколку пати годишно може да се појават воздушни вртлози, кои во повеќето случаи се распаѓаат на море“, објаснуваат италијанските метеоролози.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.