Европа
Рекордна поддршка за британските евроскептици

Поддршката за европската евроскептична партија UKIP се искачи на рекордни 25 отсто, покажа најновото истражување на јавното мнение, чии резултати се објавени во неделата, неколку дена откако оваа партија го освои својот прв мандат во британскиот парламент на штета на владејачките конзервативци.
Анкетата сугерира дека партијата UKIP, којашто се залага за излегување на Велика Британија од составот на Европската унија и построга контрола на доселувањето, би можел да освои многу повеќе места во парламентот на парламентарните избори коишѓто ќе се одржат следната 2015 година.„Не само што имаме право да бараме избор во долниот дом од парламентот, туку наша должност е во тоа и да успееме“, истакна за весникот The Mail on Sunday, Најџел Фараж, челникот на UKIP кој во кампањата за европските избори кон крајот на мај се истакнуваше со критиките на политиките на Брисел во однос на украинската криза и влошувањето на односите со Русија.Освен што на дополнителните избори во четвртокот првпат оваа евроскептична партија влезе во британскиот парламент, UKIP победи и на изборите за Европскиот парламент на 25-ти мај, и од август презема два пратеника од Конзервативната партија на премиерот Дејвид Камерон, па нивните надежи се дека на дополнителните избори во ноември ќе добијат уште еден пратеник.Британските политички аналитичари досега предвидуваа дека UKIP на парламентарните избори во 2015-та ќе добие само неколку пратеници од вкупно 650 мандати, резултатите од испитувањето на агенцијата Survation за The Mail on Sunday укажува дека би можела да добие и повеќе од стотина пратеници, коментира весникот.Според резултатите од анкетата, UKIP има поддршка од 25 отсто од избирачите, два процентно поени повеќе отколку во септември, а конзервативците и лабуристите од 31 процент. Во други две испитувања на јавното мнение, чии резултати, исто така, беа објавени во неделата, евроскептиците на Фараж имаат поддршка од 16 односно од 17 отсто.UKIP цели на 12 до 25 пратенички места. На последните парламентарни избори во 2010 година, партијата доби само 3,1 отсто од гласовите и не освои мандат во британскиот парламент./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ковчегот на папата Франциско затворен, погребот в сабота наутро

Од средата наутро, кога телото на покојниот папа Франциско беше пренесено во базиликата „Свети Петар“, низ неа поминаа 150.000 луѓе од целиот свет. Ковчегот на папата беше затворен вечерва, а погребот ќе се одржи в сабота наутро.
Пред церемонијата на запечатување, во ковчегот на папата беа поставени 12 монети, по една за секоја година од неговиот понтификат, како и краток запис и извештај за неговото папство. Церемонијата ја водеше кардиналот Кевин Фарел, камерлегно на Светата Римска црква.
Реки верници доаѓаат во Рим за да присуствуваат на утрешниот погреб на папата Франциско, а се очекува и пристигнување на бројни делегации од целиот свет.
Во Рим се воведени строги безбедносни мерки, со илјадници волонтери и полицајци, систем против дронови, снајперисти на покривите и борбени авиони подготвени за полетување.
Европа
Жена во Шпанија ја продала новородената ќерка за 2.000 евра на двојка која не можела да има деца

Шпанската полиција уапси 37-годишна жена која ја продала својата новородена ќерка на пар кој се лекува од неплодност, јавува АФП.
Полицијата соопшти дека жената била уапсена минатиот месец во Мостолес, јужно предградие на Мадрид. Брачен пар осомничен за купување дете и двајца нивни роднини беа уапсени во јужниот град Кордоба.
Според прелиминарната истрага, жената се согласила да им ја предаде својата новородена ќерка на двојката за 2.000 евра. Сепак, по породувањето, таа се предомислила и побарала да ѝ го вратат детето.
Двојката, според АФП, одбила да го врати бебето освен ако жената не им го врати платениот износ, плус дополнителни 1.000 евра за покривање на трошоците што тврделе дека ги направиле во текот на месецот што го поминале со неа во Кордоба пред да се роди детето.
Полицијата започна истрага откако една жена поднесе жалба тврдејќи дека семејство во Кордоба го „киднапирало“ нејзиното новородено бебе. Детето е предадено во центар за заштита на деца во Кордоба. Полицијата, исто така, објави дека властите ѝ одзеле уште шест деца на жената во 2022 година поради занемарување.
Европа
Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните преговори, но само откако Русија ќе се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот.
„Целосно и безусловно примирје отвора можност да се разговара за сè“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев.
Тој ја коментираше и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Тајм“ изјави дека „Крим ќе остане со Русија“.
„Она што го кажува претседателот Трамп е вистина. Се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Кримскиот Полуостров“, рече Зеленски.
Да потсетиме дека украинските претставници претходно решително ја отфрлија можноста за какви било територијални отстапки во замена за мир со Русија.