Европа
Reuters: Командант на бунтовници во Украина призна дека имаат ракетен систем ’Бук’
Еден од, како што го претставува Reuters, главните команданти на, проруски бунтовници во ексклузивното интервју за агенцијата во средата потврдил дека тие поседуваат противвоздушни ракети за кои САД тврдат дека се употребени во наводното уривање на малезискиот патнички авион над источна Украина, во областа на Донецк, 60-ина километри од границата со Русија.
Александар Ходаковски, како што е именуван командантот на баталјонот „Восток“ (Исток), првпат по падот на малезискиот „Boeing 777“ на летото од Амстердам за Куала Лумпур., признал дек бунтовниците поседувале ракетен систем „Бук“. Исто така, рекол дека е можно овој ракетен систем да пристигнал од Русија и да е вратен назад за да се отстранат трагите дека бил на украинска територија. Reuters во коментарот наведува дека пред падот на малезискиот авион бунтовниците се фалеа дека поседуваат ракетен систем „Бук“, и дека по трагедијата на малезискиот авион властите на самопрогласената Народна република Донецк повторуваа дека не поседуваат такво оружје. Агенцијата ја изоставува информацијата дека кога проруските бунтовници победнички објавија дека заробиле батерија на овој проттиввоздушен систем, Киев демантираше дека во областа на спроведување на ткн „антитерористичка“ операција има такви ракетни системи. „Знам дека ’Бук’ пристигна од Луганск и ми беше речено дека стигнува под знамето на Народна Република Луганск. Мислам дека го вратија назад“, рекол Ходаковски. Истакнал дека Украина имала докази дека народните милиции, по грешка на Русија, ја имаат таа технологија. „Знаеја за Бук и знаеја дека ќе биде распореден во таа област, но го испровоцираа користењето на тоа оружје против авион кој превезувал цивили“, додал соговорникот на Reuters.Оттаму Ходаковски вината за трагедијата на малезискиот авион во интервјуто за британската агенција ја глед во властите во Киев, бидејќи, како што рекол, го испровоцирале ракетниот напад во кој е погоден и патничкиот авион. Киев намерно тргнал во воздушен напад на тоа подрачје, знаејќи дека проектилите се подготвени, рекол.Ходаковски, кој е претставен како поранешен командант на антитерористичката единица „Алфа“ во Донецк, тврдел дека неговата единица никогаш не поседувала „Бук’“, но можела да го има некоја друга формација од проруските ткн народни милиции за самоодбрана.Бил воздржан и во поглед на потеклото на тоа оружје. „Нема да кажам дека Русите го дале тоа оружје или не го дадоа. Русија можеби го понудила на барање на некоја целосно локална иницијатива. Доколку јас сакам ’Бук’ и некој да ми го нуди, тоа не би го добил. Не би употребил против некој кој не претставува закана“, рекол Ходаковски.Оваа „признание“ се совпаѓа со тврдењата на американското разузнавање дека наводно проруските бунтовници „по грешка“ го урнале малезискиот авион, незнаејќи дека станува збор за цивилен авион, но исто така не ја поврзаа директно Русија со овој инцидент./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.