Европа
Русија, Украина и ЕУ потпишаа договор за гасот
Русија, Украина и Европската унија го потпишаа доцна нота кон петокот договорот за испорака на рускиот природен гас на Украина во текот на зимата, објавија агенциите по прес-конференцијата во Брисел.
Договорот кој е склучен до март 2015 година го потпишаа рускиот и украинскиот министер за енергетика, Александар Новак односно Јуриј Продан, како и еврокомесарот за енергетика Гинтер Итингер. Претседателите на извршните одбори на двете компании на соседните земји, руски „Газпром“ односно украински „Нафтогаз“, Алексеј Милер и Андреј Коболев, потпишаа засебен документ.Договорот кој го потпишаа во четвртокот доцна ноќта во Брисел Русија и Украина, многумина во Европа го сметаат за можен прв знак за попуштање на напнатоста во доносите меѓу двете земји произлезени со распадот на Советскиот сојуз, со долга заедничка историја. Таквиот оптимизам го нагласи и Итингер на прес-конференцијата по потпишувањето на договорот на која присуствуваа тројцата потписници.Рускиот министер Новак изјави дека Русија останува доверлив снабдувач на енергија за Европа и дека гасниот договор со Украина ќе осигури стабилни испораки на гас во текот на претстојната зима. „Есенскиот и зимскиот период е сигурен во Украина и снабдувањето на европските потрошувачи, исто така, е стабилно. Убедени сме дека нашите идни односи ќе бидат конструктивни и дека нашите договори ќе бидат исполнети“, додаде Новак.Претседателот на заминување на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, по потпишувањето на договорот изрази задоволство што надвладеала политичката одговорност, логиката на соработката и економскиот здрав резон. За Баросо договорот претставува важен чекор за заедничката енергетска сигурност на европскиот континент,. Истакна дека сега нема причина на луѓето во Европа оваа зема да им биде студено/Според договорот за продолжување на испораките на рускиот гас, Киев во неколкуте следни денови треба да исплати 1,45 милијарди американски долари како дел од долгот. Итигнер и Новак истакнаа дека Москва од своја страна цената за илјада кубни метри гас за Украина ја намалила за 100 долари, на 385 долари. Украина, исто така, се обврзала преостанатиот дел од долгот од 1,65 милијарди долари да го исплати до крајот на 2014 година. /крај/мф/сн
Извор: РИА Новости/Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.