Контакт

Европа

Русин загина кај ростовски Донецк од украинска граната, Москва се закани со жесток одговор

Објавено пред

Еден маж загинал а две жени се ранети кога граната истрелана од територијата на Украина погодила две куќи во градот Донецк, кој се наоѓа на руска територија во Ростовската област, а Москва поради повторувањето на ваквите инциденти предизвикани од украинската армија жестоко ќе одговори, порачал заменикот министер за надворешни работи на Руската Федерација, Григориј Карасин.

dobivaj vesti na viber

 

Претставникот на регионалната влада на Ростовската област, Александар Титов за Итар-Тасс изјавил дека граната паднала во пет часот наутро по средноевропско време и погодила две куќи во Донецк, руски град со исто име како и милионскиот во источна Украина кој е повеќе од три месеца под контрола на проруските украински народни милиции. Претходно Русија упати остар протест во четвртокот до Украина откако украинската армија со артилериски оган го гаѓала граничниот премин „Гуково“ меѓу двете земји и предупреди дека сличните акции ќе предизвикаат „последици“.  Москва повеќепати досега се жалеше дека граничните премини биле цел на артилериски напади од украинската територија, а кон крајот на јуни беа заробени и две оклопни возила на украинската армија кои ја минале граничната линија и навлегле во руската територија.На 28-ми Москва објави дека истиот граничен премин бил гаѓан од силите на украинската армија, Националната гарда на Украина и милитантите од ултранационалистичкитечкото движње Десен сектор, чиишто паравоени единици се исто така ангажирани во повеќе од тримесечната ткн. „антитерористичка“ операција за заземање на контролата во источните проруски региони на Украина каде големи области се под контролата на ткн народни милиции за самоодбрана кои не ги признаваат новите прозападни власти во Киев.„Во моментов се води истрага за инцидентот, и фактите укажуваат дека се случува опасна ескалација на тензиите на границата (меѓу Русија и Украина), и тоа претставува значително повисоко ниво на опасноста за нашите граѓани кои живеат на територијата на Руската Федерација. Притоа, нашиот демарш ќе биде жесток, конкретен, но ќе се почекаат сите околности на инцидентот“, рекол Карасин.„Се разбира, соодветна реакција нема да изостане. Разговорите со украинската страна по оваа тематика ќе бидат сериозни и остри“, додал рускиот дипломат. Карасин, исто така, додал дека инцидентот уште еднаш ја истакнал неопходноста од неодложното ставање крај на крвопролевањата и продолжување на преговорите во рамките на Контакт групата со учество на сите страни во конфликтот. Во меѓувреме продолжуваат нападите на украинските воздухопловни сили кои ги бомбардираат позициите на проруските бунтовници по должината на боиштето во источниот дел од земјата, во одмазничките напади откако во петокот украинските сили кои напредуваат кон Донецк претрпеа големи загуби во контранапад на бунтовниците, во кој загинале најмалку 30 припадници на разните украински формации, а според некои непотврдени информации на очевидци загубите на украинските сили се движеле до педесет загинати и над сто ранети.Украинската армија во саботата, исто така, го демантираше тврдењето на бунтовниците дека собориле уште еден борбен авион на противникот. Во меѓувреме расте бројот на жртвите меѓу цивилното население во источна Украина. Така, во неделата е потврдено дека како резултат на гранатирањето на населбата крај рудникот „Трудовскаја“ во Донецката област загинале 12 рудари, а во гранатирањето од минофрлачи и хаубици во местото Маринка во југозападниот дел од Донецката област во саботата навечер загинале 6 луѓе, додека четири биле ранети. Во неделата, пак, во блиското место Петровск загинале уште 6 луѓе, а уште 8 биле ранети, пренесува РИА Новости./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар

Објавено пред

Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.

dobivaj vesti na viber

Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.

Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал

Објавено пред

Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.

dobivaj vesti na viber

Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.

Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Објавено пред

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.

dobivaj vesti na viber

„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.

Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.

Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.

Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија2 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија3 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија3 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија3 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија3 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија4 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија6 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија6 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија6 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет8 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет8 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет8 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет9 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет9 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет9 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет9 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија18 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија19 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ20 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...