Контакт

Европа

Сите челници на ЕУ солидарни со Белгија по терористичкиот напад, збирна

Објавено пред

Челниците на сите 28 земји членки на Европската унија, како и челниците на европските институции, во вторникот дадоа заедничка изјава во која изразуваат сочувство на семејствата и блиските на жртвите во терористичките напади во Брисел и солидарност со Белгија, а истото го сторија и светските челници.

dobivaj vesti na viber

„Европската унија жали за жртвите на денешните терористички напади во Брисел. Тоа е напад врз нашето отворено демократско општество. Нашите заеднички европски институции се сместени во Брисел, благодарејќи на великодушноста на владата и народот на Белгија. Европската унија и нејзините земји членки цврсто стојат раме до раме со Белгија во солидарноста и се решителни да се соочат со оваа закана заедно и со сите потребни средства“, се вели во заедничката изјава на ЕУ.

„Последните напади само ја јакнат нашата решителност да ги браниме европските вредности и толеранцијата од нападите на нетолерантните. Ќе бидеме обединети и цврсти во борбата против омразата, насилниот екстремизам и тероризам“, велат европските челници.

Белгиските медиуми објавија снимки од безбедносните камери на кои се гледаат три момчиња како туркаат колички со багаж низ аеродромот Завентем и наведуваат дека полицијата ги смета за осомничени за нападот.

Белгиската влада во вторникот прогласи тридневна национална жалост. Границите во првите часови по нападите беа затворени, а подоцна е зајакната контролата на сите гранични премини од земјата. Брисел во вторникот рано утрото беше цел на координирани терористички напади еден со огнено оружје и самоубиствени бомбашки напади во терминалот на меѓународниот аеродром „Завентем“, а втората во станицата на подземната железница „Малбек“, во близина на ткн европски кварт, неколку стотина метри каде што се сместен институциите на ЕУ.

Според досегашните потврдени информации 14 луѓе се убиени на аеродромот и 20 во метро станицата, а ранети се вкупно 230 луѓе, од кои десетина се во критична состојба.

Како што за телевизијата RTL изјави жена очевидец која за време на нападот била на паркингот пред терминалот на аеродромот, пред експлозиите се слушнале истрели и повици на арапски јазик, што претходно го изјавија и други очевидци. Другите белгиски медиуми објавија дека во аулата на терминалот бил пронајден автомат „калашников“. Полицијата пронашла и сомнителен предмет на аеродромот, кој потоа бил детониран од пиротехничарите. Полицијата, исто така, пронашла и еден ткн „самоубиствен појас“.

Евакуацијата на патниците траеше неколку часа. Аеродромот во Брисел, преку кој годишно минуваат 23 милиони патници, ќе остане целосно затворен до шест часот наутро во средата. Сите летови се откажани, а летовите се пренасочуваат кон другите европски престолнини или регионалните во Белгија. Железничката врска со аеродромот е запрена.

Природата на повредите здобиени на аеродромот во Брисел покажува дека бомбата можела да биде сокриена на под во просторот за багаж, пренесува Reuters. Службеник во одделот за контрола на товарот Алфонс Јула изјавил дека загинатите имале големи повреди на нозете. „Слушнав еден маж како извикува на арапски пред првата експлозија. Потоа се урнаа плочите од таванот. Помогнав да се изнесат пет мртви“, изјави Јула. Повеќето од повредените се ранети во нозете, пренесува телевизијата VRT. Очевидец за телевизијата изјави дека експлозиите одекнале во делот каде што патниците се пријавуваат за летот.

Видео снимката од терминалот за заминување на аеродромот покажува насекаде расфрлани парчиња стакло и плочи од таванот. Се гледаат патници чија облека е испрскана со крв. Чад се издига од зградата на која е искршени прозорците, а патниците бегаат додека некои од нив и натаму ги влечат своите багажи.

Новинарот на британската телевизија Sky News, Алекс Роси, кој бил на аеродромот, вели дека слушнал две многу силни експлозии. „Можев да почувствувам како зградата се тресе. Имаше прав и чад… Тргнав кон местото од каде што се слушнаа експлозиите, а во пресрет ми доаѓаа зашеметени и шокирани луѓе“, изјави новинарот.

Половина час подоцна, околу 8,40 часот, се случи експлозија и на станицата на подземната железница Малбек. Имаше информации и за експлозија на станицата Шуман, но таа досега не е потврдена. Сите станици на бриселското метро се затворени, а луѓето се евакуирани од подземните премини. Според последните информации, во метрото загинале 20 луѓе, а повеќе од 130 биле ранети.

Белгиската јавна радиот телевизија VRT објави фотографија на вагон во подземната железница на кој се искршени прозорците и вратите, а конструкцијата од вагонот е деформирана, додека внатрешноста е оштетена и јагленосана. Локален новинар на Twitter објави фотографија на лице кое лежи облеано со крв додека чад се издига од станицата Малбек на главната авенија Ру д’ ла Лоа која го поврзува центарот на Брисел со институциите на Европската унија.

На Јужната станица во Брисел исто така беше спроведена евакуација, а привремено беше запрен сообраќајот на возот „Eurostar“ кој го поврзува Брисел преку Париз со Велика Британија, како и возот „Thalys“ кој е директна врска меѓу Брисел и Париз, како и линијата „Deutsche Bahn“, кој оди од Брисел до германски Ахен.

Полицијата уапси најмалку две лица во близина на Северната станица (Gare du Nord), околу 1.500 метри од станицата Малбек. Весникот Derniere Heure објави фотографии на две лица кои се наводно осомничени за бомбашките напади на аеродромот, кои ги туркале количките со багаж на аеродромот.

Агенцијата Sputnik пренесува, повикувајќи се на високи функционери на белоруските безбедносни служби, дека тројца осомничени за терористичките акти во Белгија се државјани на Белорусија. Според изворот на агенцијата тие се идентификувани како Иван и Алексеј Довбаш и Марат Јунусов, од кавкаската република Дагестан, кој пред повеќе години добил белоруско државјанство. Браќата Довбаш, пак, „биле познати на белоруските тајни служби“. Меѓутоа, тие двајцата во меѓувреме се јавија директно во белоруското радио Еврорадио демантирајќи дека учествувале во некакви акции.

Безбедносните мерки се зајакнати околу седиштето на НАТО и на Европскиот парламент, како и во нуклеарните постројки во Белгија. Дополнителни двесте белгиски војници во вторникот по нападите патролираат на улиците на Брисел.

Сомнителни пакети подоцна беа пронајдени во областа на станицата Малбек, каде што е уништен, како и во близина на кралската палата, пренесе RTBF. Евакуација е извршена и кај Јужната кула, највисоката зграда во Брисел, по откривањето на сомнителен пакет во просториите на Националниот пензиски фонд. Уште еден сомнителен пакет е најден и кај Белгискиот слободен универзитет. Пиротехничарите кренале во воздух и сомнителен автомобил паркиран на булеварот во близина на Слободниот универзитет и полициска касарна. Пиротехничарите добиле дојава за поставена бомба во болницата „Свети Петар“, но таму според медиумите не е извршена евакуација на пациентите и персоналот. Делумни евакуации се извршени и на вработените во атомските централи „Дул“ во Фландрија и „Тианж“ во Валонија.

Американскиот претседател Барак Обама порача во вторникот дека САД ќе сторат сé што е неопходно да ја поддржат Белгија, својот сојузник и пријател. „Мораме да се обединиме, мораме да бидеме заедно независно од националноста , расата или верата во борбата против тероризмот“, изјави Обама од Хавана.

Слични пораки за поддршка на Белгија и неопходност од заедничка борба против терористичката закана упати и рускиот претседател Владимир Путин кој „остро го осуди варварскиот чин во Брисел“ и ги уверува Белгијците во солидарноста со нив во овие тешки моменти“, објави Кремљ. „Борбата против ова зло бара највисоко ниво на меѓународна соработка“, рекол Путин во изразите со сочувство до белгискиот народ, семејствата на жртвите и белгискиот крал Филип.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на руската Дума, Алексеј Пушков, пак, во врска со нападите во Брисел на Twitter објави дека на главниот секретар на НАТО (Јенс Столтенбер) „пред носот му убиваат луѓе“ додека тој се пори против таканаречената „руска закана“. „Додека Столтенберг се бори против таканаречената руска закана, и распоредува војски во Латвија, пред носот му креваат луѓе во воздух“, напиша Пушков изразувајќи сочувство за семејствата на жртвите.„Европа мора да сфати од каде доаѓа вистинската закана и да ги обедини силите со Русија“, порача Пушков.

Европските челници едногласно ги осудија терористичките напади во Брисел. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека е „ужаснат“ од нападите „Овие напади се доказ дека терористите паднаа на уште пониско ниво во служба на омразата и насилството“, оцени Туск. ЕУ ќе им „помогне на Брисел, Белгија и на Европа во целина, да се спротистават терористичката закана со којашто сите сме соочени“, додаде претседателот на Европскиот совет.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, која е во посета на Јордан на прес-конференција придружувана од јорданскиот министер за надворешни работи Насер Џудех, изјави дека ова е „многу тажен ден за Европа“ додавајќи дека сега Европа „пати на ист начин“ на кој тоа „се случува на Блискиот исток секој ден“.

„Европската унија и институциите на ЕУ мораат и ќе останат решителни. Тука, во главниот град на ЕУ ќе останеме заедно, обединети, против теророт, во полна солидарност со граѓаните на Брисел. Продолжуваме мирно е делотворно, тука сме, се чувствуваме безбедни“, изјави портпаролот на ЕК, Маргатритас Шинас./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

16-годишно момче избодено во училиште во Германија

Објавено пред

16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.

dobivaj vesti na viber

На нападот наводно му претходела вербална расправија.

Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.

Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.

По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.

Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“

Објавено пред

45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.

dobivaj vesti na viber

Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.

Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.

Прикажи повеќе...

Европа

Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС

Објавено пред

Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.

dobivaj vesti na viber

Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.

Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.

Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.

Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.

– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.

Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија4 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија5 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ7 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија8 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет9 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет10 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет10 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион11 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет11 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија22 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија22 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија23 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...