Европа
Сорос смета дека распадот на ЕУ е неповратен по Brexit, повикува на темелна обнова

Распадот на Европската унија е практично неповратен откако Велика Британија излезе од нејзиниот состав, смета познатиот американски финансиер, инвеститори и милијардер Џорџ Сорос и истовремено повикува на темелно обновување на ЕУ за таа да се зачува.
Џорџ Сорос, кој пред британскиот референдум во четвртокот предупреди на финансиски крах доколку Британците се одлучат нивната земја да излезе од Европската унија, сега смета дека ефектите од таквата одлука веројатно ќе ѝ наштетат на Велика Британија
„Сега катастрофичното сценарио, од кое стравуваа многумина, се оствари, правејќи го распадот на ЕУ практично неповратен“, пишува Сорос во својот коментар објавен на интернет страницата Project Syndicate.
Вели дека ЕУ престанала да функционира и дека повеќе не ги задоволува потребите на своите граѓани и нивните очекувања. Сепак, повикува на поддршка за обнова на Европската унија.
„По Brexit, сите ние кои веруваме во вредностите и принципите за кои Европската унија е замислена да ги поддржи, мораме да се обединиме за темелно да ја обновиме“, пишува Сорос.. Инвеститорот, исто така, говори и за можните последици од истапувањето на Британија од ЕУ.
„По напуштањето на ЕУ, на Британија би можело да ѝ биде релативно подобро отколку на другите земји, а можеби и не, но нејзината економија и граѓаните краткорочно и среднорочно ќе претрпат штети“, смета Сорос.
Тој оствари голема добивка во 1992 година кога со другите валутни шпекуланти вложи против британската фунта која падна под сегашното ниво и мораше да биде повлечена од европските механизам на курсеви на валутите.
Претходно седмицава Сорос предупреди на сличен пад, предвидувајќи дека Brexit ќе ја намали вредноста на британската фунта за најмалку 15 отсто. Фунтата пои референдумот во петокот падна за 10 отсто, но не е познато дали и овојпат Сорос се обложил против британската валута и заработил на нејзиниот пад./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин