Европа
Шведска, Данска и Германија за ефикасен надзор на границите за да се сочува Шенген
Шведска, Данска и Германија сакаат да го сочуваат шенгенскиот систем, а за тоа е неопходна ефикасна контрола на надворешните граници и побрза распределба на бегалците по земјите членки на Европската унија, изјавија во средата во Брисел функционери на овие земји.
Еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос го свика во средата кризниот состанок на кој учествуваа шведскиот министер за миграции Морган Јохансон, данскиот министер за интеграции Ингер Стојберг и државниот секретар во германското министерство за внатрешни работи Оле Шредер.
Состанокот беше свикан откако Данска воведе гранични контроли на границата со Германија, како одговор на одлуката на шведските власти да го контролираат влегувањето на бегалците преку мостот кој ги поврзува Данска и Шведска.
Аврамопулос рече дека средбата била „конструктивна“ и оти сите се согласуваат дека треба да се сочува шенгенскиот систем во кој нема контрола на границите. Меѓутоа, поради масовниот прилив на бегалци земјите членки на Шенгенскиот договор сé почесто воведуваат привремени контроли на своите граници, што го доведува во прашање целиот систем.
„Шенген и слободата на движењето на луѓето мора да бидат сочувани поради нашите граѓани и економии“,рече Аврамопулос, додавајќи дека привремени контроли коишто ги вовеле споменатите земји мора да бидат ограничени на онолку колку што тоа е неопходно и дека треба да се вратат на нормалниот режим што е поскоро можно.
Шведскиот министер за миграции Морган Јохансон, чија земја прими најмногу бегалци според бројот на жителите, изјави дека „Шведска може многу да стори, но не може сé“. Оттаму, повика ефикасно да се спроведува одлуката за редистрибуција на беглаците по земјите членки, за порамномерно да се распореди товарот.
Шведска само минатата 2015 година примила 160.000 баратели на азил, меѓу кои 26.000 малолетни деца. „Тоа претставува илјадници училишни одделенија“, појасни Јохансон.
Германскиот државен секретар Шредер повтори дека сите се согласни за неопходноста да се сочува Шенген, а дека за тоа е потребно да се осигури надзорот на надворешните граници на ЕУ. „Проблемот е во тоа што не функционира контролата на надворешните граници, особено на грчко-турската граница“, рече Шредер,додавајќи дека е потребно да се најде европско решение, бидејќи во спротивно земјите членки ќе преземаат национални мерки./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.