Европа
Тензично на Корзика, буркини причина за тепачка
Во немири на францускиот медитерански остров Корзика повредени се пет луѓе, а три автомобили беа запалени, откако младите од три семејства со потекло од Северна Африка се степале.
Околу 500 луѓе се собраа во главниот град на Корзика, Бастиа, еден ден по немирите во Сиско, на северот на островот.Тепачките избиле меѓу членовите на три семејства од Северот на Африка и локални жители, соопшти обвинителството, а биле фрлани камења и шишиња, пред полицијата да воспостави ред.Девојка која сведочела на немирите, а во неделата зборуваше и на мегафон, вели дека се почнало кога туристи сакале да фотографираат неколку жени кои се капеле со буркини. Според неа, група имигранти извикувале навреди, пред да пристигнат неколкумина постари мажи од Северна Африка, кои носеле секири, како поддршка на семејствата на плажата.Тие нападнале група млади Корзиканци на возраст од 15 до 18 години на плажата, чија улога во инцидентот се уште не е јасна. Девојката сведочи дека семејствата на младите Корзиканци потоа излегле на улица и се судриле со оние од Северна Африка. Двајца локални жители се ранети со харпун.Северноафриканките исекле неколку гуми на автомобили, а локалците запалиле два автомобили и еден превртеле од оние на имигрантите. Во немирите повредени се петмина, кои се пуштени на домашно лекување, а никој не е уапсен.Во недела наутро пред зградата на локалната самоуправа почнаа демонстрации, а потоа било тензично, кога луѓето сакале да заминат во населбата Лупино во Бастиа, каде повеќето жители се Северноафриканци.„Одиме таму, затоа што ова е нашиот дом“, вели еден од демонстрантите, но полицијата не им дозволи пристап до населбата.Полицијата испрати стотина полицајци да ги смират тензиите. Францускиот министер за внатрешни работи, Бернард Казанев го осуди насилството, и нареди целосна истрага на случајот за да се открие што е извор на нетолеранцијата и да се уапсат одговорните.Немирите доаѓаат во наелектризирана атмосфера што владее во Франција, меѓу муслиманите и христијаните, по неколкуте напади во земјата за кои одговорност презеде терористичката група Исламска држава, вклучително и масакрот од 14 јули, во јужниот француски град Ница, кога Тунижанец влета со камион во луѓето кои го славеа Денот на Бастилја, при што уби 85 лица.Минатиот декември, на Корзика, бесни демонстранти вандализираа муслиманска сала за молитви и фрлаа копии од светата муслиманска книга Коран, откако млади Арапи нападнаа пожарникар. Кан, што е во близина, исто така поттикна контроверзи со тоа што забрани носење буркини на плажа.Исламската облека долго време е жежок костен во секуларна Франција, каде покривањето на женското лице до половина со вел е забрането на јавни места./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.
„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.

