Европа
Тинејџери желни за возбуда предизвикаа паника во Париз
Двајца тинејџери тврдат дека стојат зад лажната тревога за терористички напад што се случи во саботата и предизвика паника кај луѓето во центарот на Париз, а тие велат дека го направиле тоа заради возбуда.
Двајца тинејџери контактираа со француските медиуми и објаснија дека тие стојат зад лажната тревога што доведе до затворање на дел од централното подрачје на францускиот главен град.Тинејџерите на возраст од 16 и 17 години за француските медиуми велат дека стојат зад лажната дојава за заложничка драма во црква во централното подрачје на Париз. По повикот во полицијата, голем број полицајци беа распоредени на терен, а беа повикани и единиците за анти-тероризам кои требаше да се справат со заложничка ситуација.Луѓе кои биле во трговски центри и во продавници панично бегаа низ Париз исплашени дека градот повторно е цел на терористички напади. Властите дури испратија и предупредување преку апликацијата за смартфони за да ги подготват луѓето за можен терористички напад, велејќи им да го избегнуваат центарот на Париз и да побараат засолниште.Но, се покажа дека се работи за лажна дојава, а истрагата се води како извештај за замислен криминал, што може да биде казниво и тоа со две години затвор и 30.000 евра глоба.Во неделата попладне тинејџери хакери на Facebook тврдеа дека тиа направиле лажен повик кон полицијата и дека не е нивен проблем ако луѓето се исплашиле.„Рековме дека заложници се држат во црква и дека таму има десет северноафриканци со оружје и самоубиствени елеци“, велат тие за BFM TV.„Не мислевме дека ќе успее. Го направивме тоа за возбуда и за да станеме познати“, додаваат хакерите. „Тоа што луѓето испаничија е нивни проблем“.Тие објавија и аудио снимка од нивниот разговор со полицијата во која се слуша како полицаецот вели дека примаат многу лажни повици и ги тера да дадат уште детали за положбата на заложниците.Тинејџерите велат дека биле инспирирани од американкиот феномен наречен „swatting”, во кој лажни повици се упатуваат до полицијата со цел таа да го покрене специјалниот тим наречен Swat.„Го направив најлошиот ‘Swatt’, ги натерав да пратат хеликоптер, властите, 50 полициски автомобили, бев во тренд на Twitter“, вели еден од хакерите на Facebook.Франција сѐ уште е во вонредна состојба по терористичките напади, па не е чудно што полицијата реагирала така.Бруталното убиство на свештеник во близина на Руен од двајца џихадисти ја зголемија внимателноста кон црквите низ целата земја.Хакерите велат дека се сигурни дека нема да бидат уапсени. Од полицијата потврдуваат дека ќе треба подолго време да им се влезе во трага.Портаролот на министерството за внатрешни работи вели дека ова е потполно неодговорно однесување./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

