Европа
Турција бара од Германија објаснување за шпионирањето, Берлин не ги потврдува медиумските написи
Турското министерство за надворешни работи соопшти во понеделникот дека наводите објавени во германско списание за тоа дека Германија ја шпионирала Турција од 2009 година ќе „бидат неприфатливи“ доколку се покажат како точни и од германската влада побара официјално изјаснување, чија портпаролка, пак, не ја потврди информацијата за долгогодишното шпионирање на Берлин на оваа земја партнер во НАТО.
Турското министерство за надворешни работи соопшти во понеделникот дека наводите објавени во германско списание за тоа дека Германија ја шпионирала Турција од 2009 година ќе „бидат неприфатливи“ доколку се покажат како точни и од германската влада побара официјално изјаснување, чија портпаролка, пак, не ја потврди информацијата за долгогодишното шпионирање на Берлин на оваа земја партнер во НАТО.
„Од германските власти се очекува официјално и задоволувачко објаснување во врска со написите во германските медиуми и, доколку тие се покажат точни, веднаш да се прекине со таквите активности“, се наведува во соопштението на турската влада.
Истовремено властите во Анкара го повикаа на разговор германскиот амбасадор во Турција поради написот во списанието Der Spiegel во кој повикувајќи се на владин извор во Берлин се тврди дека Федералното биро за внатрешно разузнавање (BND) од 2009 година го шпионирала својот сојузник во НАТО. Заменикот на турскиот министер за надворешни работи, Ердоган Искан, се средна со амбасадорот Еберхард Похл и му ја изрази загриженоста на Анкара поради наводите, изјавил за Reuters неименуван функционер на турската дипломатија.
Во написот на во магазинот Der Spiegel беше објавено дека германската разузнавачка служба, наводно по грешка прислушувала телефонски разговор на поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, како и на нејзиниот наследник на функцијата Џон Кери, а од 2009 година ја шпионирала и Турција. Според изворот, Турција не може да се спореди со другите германски европски партнери во НАТО, како Франција или Велика Британија, бидејќи она што се случува во Турција има директно влијание врз внатрешната безбедност на Германија каде што живеат меѓу три и четири милиони Турци
Според весникот, Турција е меѓу земјите каде што германската BND има особен надзор, и таму користи разни техники на следење, меѓу другите и прислушување на телефонски разговори. Германија инаку е најголемиот турски трговски партнер во Европската унија, а во неа живее најголемата турска дијаспора во странство.
Портпаролката на германската влада Кристиане Виртц не можеше во понеделникот да ја потврди информацијата за шпионирањето на BND на Турција. „Дел од она што се појави во медиумите, и’ е познато на парламентарната комисија“, изјави Виртц истакнувајќи дека сепак сé уште не може да ги потврди деталите, пренесе AFP.
Според медиумите, владата на Германија поседува список според којшто земјите се поделени на оние коишто се врши едноставен надзор, како на пример Велика Британија, и на оние коишто се главни цели на надзорот на германското разузнавање, како на пример Турција. Во однос на земјите кои се наоѓаат на листата за обичен мониторинг, германското разузнавање ги користи само јавните извори на информации, а во однос, пак, на другите се применуваат различни техники на следење, кои вклучуваат и прислушување на комуникациите.
Во врска со ова прашање, портпаролката Виртц одговорила дека преиспитувањето на списокот го врши на секои четири години кабинетот на федералниот канцелар./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.