Европа
Украина ја обвинува Русија за инвазија, бунтовниците напредуваат
Украинскиот претставник во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во четвртокот изјави дека редовните руски единици го заземале градот Бовоазовс во југоисточна Украина на брегот на Азовското Море, што неговиот руски колега одлучно го негира тврдејќи дека ниедна руска единици не ја преминала украинската граница, а проруските бунтовници го продолжија територијалното напредување започнато со контраофанзивата од понеделникот и се закануваат со заземање на градот Мариопул кој е со мнозинско проруско население а од април по судирот со локалните милиции го контролира Националната гарда на Украина.
Украинскиот претставник во ОБСЕ, Игор Прокопчук изјави за медиумите дека е „забележана директна инвазија на руската војска во источните региони на Украина“. Говорејќи на маргините од вонредното заседание на ОБСЕ во Виена, Прокопчук изјави дека „Градот Новоазовск, како и бројни други градови во тој Регион, ги заземаа руските сили“. Додаде дека Украина сегашниот развој на настаните го смета за „акт на агресија“. „Ќе ги употребиме сите средства достапни според меѓународното право, според повелбата на ОН, за да ја одбраниме својата територија“, изјави Прокопчук.
Рускиот претставник во ОБСЕ, Андреј Келин, пак, во текот на заседанието на 57-лената организација за новинарите изјави дела „ниедна руска единици не минала на украинска страна“. Освен малата единица од десет лица која во понеделникот случајни при патролирање заталкала во Украина, „таму нема руски војници“, изјави Келин.
Во четвртокот претседателот на надворешно политичката комисија на Бундестагот Норберт Ретген во Берлин во разговор за Reuters изјави дека Европа мора на ескалацијата на насилствата во Украина да одговори со нови санкции против Русија. Ретген, кој се смета за близок соработника на канцеларката Ангела Меркел изјави дека одлуката за санкциите мора да биде донесена на самитот на ЕУ викендов.
„Мора да се воведат нови санкции како одговор, и за тоа треба да се разговара на самитот и, во идеален случај, треба веднаш да се договорат санкции. Секое колебање (рускиот претседател Владимир) Путин ќе го смета за европска слабост и тоа ќе го охрабри да продолжи. Сега имаме ситуација во која е јасно дека Русија е воено присутна во Украина со тенкови и војници“, рече аза агенцијата Ретген.
НАТО објави во четвртокот дека верува оти најверојатно најмалку илјада руски војници активно дејствуваат на украинска територија. Воен функционер на НАТО, кој ен сакал да биде именуван на брифинг со западните медиуми во командата на Алијансата во Монс во јужна Белгија, рекол дека сепак „руската акција во Украина може да се квалификува како упад а не како инвазија“. “Проценуваме дека повеќе од илјада руски војници во моментов дејствуваат на територијата на Украина. Тие ги поддржуваат сепаратистите и се борат покрај нив“, го цитираат агенциите неименуваниот претставник на НАТО.
Тој им покажал сателитски снимки кои не се објавени засега, датирани од 23-ти август на кои им толкувал на новинарите дека се гледаат руски лансери на проектили разместени на украинска територија.
„Станува збор за софистицирано оружје кое бара добро увежбан екипаж. Потребни се месеци за да се обучат војници. Извонредно малку е веројатно дека тој вид обука ја имаат сепаратистичките сили. Русија се обидува да го спречи поразот на сепаратистите и сака да го задржи тоа подрачје. Неодамнешната ескалација, па дури и директното вклучување на руски единици во Украина е насочено кон тоа“, рекол функционерот на НАТО.
Украинскиот претседател Петро Порошенко кој поради ситуацијата во земјата и „руската инвазија“ го одложи патувањето во Анкара на инаугурацијата на новиот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека „ситуацијата на фронтот е тешка, но дека е под контрола“. Најавено е и дека во четвртокот во Њујорк ќе се одржи вонредно заседание на Советот за безбедност посветено на ситуацијата во Украина на барање на Литванија поради „очигледната руска инвазија“.
Американскиот амбасадор во Киев во четвртокот ги повтори обвинувањата на Порошенко, а францускиот претседател Франсоа Оланд смета дека е „недозволиво и неприфатливо присуството на руски војници во Украина“.
Украинскиот Совет за безбедност и одбрана кој попладнето во четвртокот започна вонредна седница, потврди дека Новозаовск и други места во југоисточниот дел на земјата, каде што инаку мнозинство е рускојазичното население, „паднале во рацете на руските војници кои задно со проруските бунтовници покренаа противофанзива“. „Контраофанзивата на руските сили и сепаратистичките единици продолжува на југоистокот“, се вели во соопштението на украинскиот Совет за безбедност.
Русија повторно негира дека нејзини војници се наоѓаат на украинска територија. Руското министерство за одбрана одби за западните агенции да ги коментира вестите за наводни руски тенкови во Новоазовск, оценувајќи ги како невистина. „Руските власти многу пати досега рекоа дека таму нема руски сили. Русија не учествува во тој внатрешен украински судир“, изјавил за Reuters руски дипломат кој барал да остане анонимен.
Како што претходно во четвртокот за руските медиуми изјави челникот на самопрогласената Народна република Донецк, Алесандр Захарченко, етнички Украинец, бунтовничките сили во четвртокот ја воспоставиле контролата во источна Украина покрај Азовското Море и цел им да го заземат пристанишниот град Мариопул. И за Reuters повтори дека во редовите на проруските бутновници во Украина има три илјади руски доброволци со воена обука, но додаде дека меѓу странските доброволци има и Срби, Шпанци, Французи и Турци.
„Денеска стигнавме до Азовското Море, до брегот, а процесот на ослободување на нашата татковина, која привремено ја окупираа украинските власти, ќе продолжи“, изјави самопрогласениот донецки премиер, алудирајќи на „државната организација“ којашто во март ја објавија двата бунтовнички центра Донек и Луганс спојувајќи се во Новорусија историска област прогласена во втората половина на 18-от век, позната и како Донабс.
Захарченко изјави дека новиот фронт кој е отворен кој југот на Украина покрај Азовското Море „економски, воено и политички единствен фронт на кој треба да го ставиме акцентот“. „Заземањето на Мариупол, вториот најголем град во Донецката област, ќе ни овозможи да го зголемиме бројот на свои војници за пет до седум илјади“, вели Ахарченко. Во Мариупол, кој се наоѓа наспроти полуостровот Крим кј во март се присоедини кон Русија, се наоѓа командата на киевските прозападни украински сили кои беа потиснати од пред Донецк.
Захарченко ги демантираше обвинувањата на претседателот Порошенко дека руските единици извршиле инвазија врз Украина, но потврди дека во неговите единици има руски доброволци.
„Имаше и има доброволци од Русија. Тие доаѓаат од секаде, не само од Русија, имаме Срби кои се борат, иамме Французи кои се борат, имаме Турци, има и еден Италијанец кој има дозвола за привремен престој во Украина“, рече водачот на донецките бунтовници.
Претходно за руските телевизии Захарченко потврди дека има и руски војници кои своето отсуство го користат да се борат на страната на своите браќа. „Покрај на се борат и активни руски војници, кои своето отсуство и одмор попрво го минуваат со нас, меѓу браќата кои се борат за слобода, отколку на плажи“, рече Захарченко.
Запрашан дали посакува официјална поддршка од руската држава, Захарченко кој се претставува како електроинженер, вели дека „Од една страна, тоа за нас би ги направило едноставни работите. Војната брзо би завршила. Од друга страна, пак, јасно ми е дека тоа е нереално, дека тоа не е можно“.
„Меѓународната заедница едноставно тоа не би го дозволила (…) Да бидам искрен, ние самите сме способни да ги постигнеме своите стратешки и тактички цели/ Нашата офанзива тоа јасно го покажува“, изјави Захарченко./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.
„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.

