Европа
Украина покренува план за враќање на контролата, бунтовниците подготвени на отпор
Украинската влада и предупреди проруските бунтовници самопрогласената Народна Република Донецк дека има план за „ослободување на заземените“ територии, но бунтовниците немаат намера да се предат и соопштуваат за масовна мобилизација на нови борци.
Откако проруските ткн народни милиции за самоодбрана се повлекоа изминатиот викенд од источните градови Славјанск и Краматорск, тие се прегрупираат во околината Донецк, еден од најголемите градови во регионот со повеќе од милион жители. Тие сѐ уште контролираат и значителен дел од областа крај градот Луганск, во близина на границата со Русија. Тие објавија дека Игор Стрелков, еден од водачите на вооружените проруски милиции кој командуваше со Славјанск, ја преземал командата над одбраната на Донецк, и оти формираат сили со централизирана команда поради поефикасно спротиставување на украинските владини сили кои од почетокот на април започнаа ткн „антитерористичка“ операција за враќање на контролата во источниот рософонски регион познат под заедничкото име Донбас.Од друга страна, украинскиот претседател Петро Порошенко ја исклучи моќноста од воздушни и артилериски гранатирања како во Славјанск и Краматорск, коишто би можеле да го ги загрозат цивилите. „Во Донецк и Луганск нема да има улични борби“, рече Поршенко, но сепак локалните медиуми јавуваат дека врз станбени населби во двата града е отворан артилериски оган во кој има неколку цивилни жртви.Истовремено, украинската влада објави дека „има план за освојување“ на Донецк и Лиуганск кој ќе претставува „гадно изненадување“ за бунтовниците“. „Имаме план за ослободување на украинската територија од сепаратистите кој не зависи од подготвеноста или неподготвеноста на Стрелков и неговите потчинети за одбрана, како што велат, на Донбас, Планот ќе биде совршено спроведен“, изјави портпаролот на украинската армија Андриј Лишенко.Од бунтовничките сили, пак, истакнаа дека во тек е регрутирање на нови борци, откако во вторникот Игор Стрелков упати јавен повик за зајакнување на силите во областа во којашто живеат околу 7,5 милиони жители, од кои огромно мнозинство се етнички Руси и рускојазични Украинци. Според нивни извори, само во вторникот се пријавиле 300 доброволци, што е десет пати повеќе од 25 до 30 дневно во изминатиот период. Речиси три месеца проруските бунтовници коишто не ја признаваат прозападната влада во Киев којашто дојде на власт по неколкумесечните безредија и стотината жртви во Киев откако беше соборен претседателот Виктор Јанукович, ѝ даваат отпор на украинската армија којшто според сопствени процени загубила во борбите околу 250 припадници, наспроти неколкуте стотици жртви на странана бунтовниците и цивилното население.По очајните резултати од почетокот на офанзивата, владините сили се охрабрени од влегувањето во Славјанск што го претставуваат како голема воена победа, како и од фактот дека Русија се оглушува на повиците на бунтовниците за упатување помош. Сепак, е претпазлива во однос на преземање директна воена акција во областа на Донецк каде што се претпоставува дека се вкупуваат проруските бунтовници и е групирана значителната воена техника повлечена од Славјанск./краj/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

