Европа
Во Шпанија уапсени три лица поврзани со IS
Шпанската полиција уапсила двајца мажи и една жена во Барселона и во Гранолерс под сомненија дека регрутирале радикали и ги испраќале во редовите на екстремната сунитска организација Исламска држава (IS), соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандез Дијаз, три седмици пред одржувањето на парламентарните избори во Шпанија.
Од почетокот на годинава во Шпанија се уапсени повеќе од 90 лица од кои 68 се обвинети за поддржување на терористичката Исламска држава, која особено предизвика големи антитерористички акции во Европа со нападите во Париз на 13-ти ноември кога беа убиени 130 луѓе. Ова се втори апсења на осомничени исламисти по париските атентати.Шпанските безбедносни служби поседуваат информации за 139 исламисти кои заминале од Шпанија, од кои 25 се вратиле во земјата. Повеќето од вратените се веќе уапсени.Полициската акција започнала во шест часот навечер во центарот на Барселона, каде агентите упаднале во стан во кој се наоѓале двајца мажи, на 32 и на 42-годишна возраст по потекло од мароканскиот пристанишен грд Тангер. Околу 30 полицајци учествувале во акцијата, а во следниот период од денот се пребаруваат компјутерите на уапсените, сомневајќи дека преку социјалните мрежи ширеле џихадистички идеи и регрутирале борци за заминување во Сирија и во другите жаришта. Во 30 километри оддалечениот Гранолерс истовремено е уапсена 24-гоидшна девојка, која агентите ја надгледувале изминатите неколку дена и во нејзиниот стан нашле веќе спремна патничка торба и се подготвувала да замине за Авганистан. Наскоро полицијата треба да преземе и дејствија проти уште четири лица, коишто се поврзани со притворените во саботата, според министерот Дијаз./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

