Daily news
Борисов: Поради состојбите во Македонија и Грција, ЕУ има потреба од стабилна Бугарија
Европската Унија има потреба од стабилност во Бугарија и политичките сили треба да го земат тоа предвид, изјавил лидерот на бугарската партија ГЕРБ и победник на предвремените парламентарни избори, Бојко Борисов, пренесува агенцијата „Фокус“.
Борисов изјавил дека меѓународната ситуација е тешка и дека последиците за Европа важат и за Бугарија. Тој исто така посочил дека ова важи и за финансиската криза во Грција и политичките проблеми во Македонија, истакнувајќи дека токму поради ова ЕУ има потреба од стабилност во Бугарија.
Борисов потенцирал дека пред неколку месеци неговата влада поднела оставка, „за народот да може да го каже своето мислење“. „За мене ова е врвот на демократијата, односно се надевам дека сите ние ќе го почитуваме мислењето на народот“, додал тој./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
