Контакт

Регион

Детали за убиството на бугарската новинарка – толку брутално била удирана по главата што не можеле да ја идентификуваат

Објавено пред

Бугарските власти го испитуваат бруталното убиство на новинарката Викторија Маринова, која работела на истражувачки стории за корупција со средства од Европската Унија. Сè уште нема осомничени за убиството, но детали за случајот што ја вознемири Бугарија, но и регионот, почнаа да се изнесуваат во јавноста. Ова е четврт новинар што е убиен во Европа годинава.

Телото на 30-годишната Викторија Маринова беше пронајдено во саботата во близина на пешачка патека во градот Русе. Првичните анализи покажале дека причина за смртта е удар на главата и задушување.

Бугарскиот министер за внатрешни работи, Младен Младенов, го опиша убиството како исклучително брутално и рече дека Маринова била силувана пред да биде убиена. Тој рече дека главните инспектори за убиство во земјата биле испратени во Русе за да работат на случајот.

Регионалниот обвинител на Русе, Георги Георгиев, изјави за државните медиуми дека не ги пронашле нејзиниот мобилен телефон, клучевите за автомобилот, очилата и дел од нејзината облека.

Според медиумите, бугарска истражувачка новинарка Викторија Маринова толку брутално била претепана и удирана по лицето што не можела да биде идентификувана. Нејзиното полуголо тело беше пронајдено во оддалечена област по должината на реката Дунав во Русе, но потребни биле неколку часа за да биде идентификувана.

„Има доволно собрано ДНК-материјал на местото на убиството во Русе, каде што жестоко беше убиена триесетгодишната Викторија Маринова, административен директор на ТВН во Русе, и извршителот ќе биде откриен, изјави бугарскиот премиер, Бојко Борисов.

„Од начинот на кој се работи има многу собран ДНК-материјал – прашање на време е кога ќе се реши случајот“, рече Борисов.

Tелото на новинарката е откриено на кејот на реката Дунав на тешко достапно место. Претпоставките се дека била нападната дoдека трчала на кејот. Во 10.30 часот пиела кафе со колегите, а во 14.18 е извршено убиството.

Не е јасно дали убиството на Маринова е поврзано со нејзината новинарска работа. Властите работат на идентификување сведоци и потенцијални мотиви за нејзиното убиство.

epa07077515 An undated handout photo made available by TVN on 07 October 2018 shows late 30-year-old’s journalist Viktoria Marinova at a local television station, TVN in the town of Ruse, Bulgaria. The body of Viktoria Marinova was found in a park in the northern city of Ruse, near the River Danube on 06 October 2018. . EPA-EFE/TVN RUSE / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Во извештаите на бугарските медиуми се вели дека изминатата година Маринова известувала за истрага за наводната корупција со средства од Европската Унија за телевизијата ТВН. Таа исто така работела на теми фокусирани на социјални прашања и била вклучена во хуманитарна работа.

„Со огромна болка и непремостлива тага екипата на телевизијата ТВН се соочува со загубата на нашата сакана колешка Викторија Маринова“, се вели во соопштението на ТВН.

Комитетот за заштита на новинарите ги повика бугарските власти да спроведат ригорозна и темелна истрага за убиството.

„Комитетот е шокиран од варварското убиство на новинарот Викторија Маринова“, рече претставникот на Комитетот во Европската Унија во Брисел, Том Гибсон. Според него, бугарските власти мора да ги искористат сите напори и ресурси за да извршат исцрпна истрага и да ги изнесат одговорните пред лицето на правдата“.

Бугарските медиуми известуваат дека нејзината последна емисија емитувана на 30 септември, „Детектор“, била посветена на тоа прашање, а гости ѝ биле колегите – бугарскиот новинар Димитар Стојанов од веб-страницата ‘Бивол’ и романскиот новинар Атила Биро, член на проектот РИСЕ за истражувачко новинарство во Романија.

Харлем Дезир, претставник за слобода на медиумите за Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), на „Твитер“ го осуди убиството велејќи дека внимателно ќе ја следи истрагата.

Бугарија е рангирана на 111. место од 180 земји во индексот на слободата на печатот на „Новинари без граници“. Маринова е четвртиот новинар што е убиен во Европа во последните 14 месеци.

Ким Вол, шведска новинарка, беше обезглавена и убиена во август 2017 година за време на интервјуто во подморницата на пронаоѓачот Петер Мадсен во Копенхаген. Мадсен беше осуден на доживотна казна за убиство.

Во октомври 2017 година малтешкиот новинар Дафне Каруана Галиција беше убиена во автомобил бомба во близина на својот дом. Неколку луѓе се судат за детонирање на бомбата, но никој не е уапсен за организирање на нејзиното убиство.

Во февруари 2018 година словачкиот новинар Јан Куцијак беше застрелан во својот дом. Во моментот обвинети се три лица за убиството.

Регион

Се подобрува здравствената состојба на девојчето затруено на брод на Хвар

Објавено пред

Се подобрува здравствената состојба на 14-годишно девојче кое пред пет дена беше затруено со јаглерод моноксид (СО) на брод во Хвар. Тоа е преместено од Одделот за интензивна нега во одделение на кое од истите симптоми се лекува и нејзината мајка.

„14-годишното девојче кое страдаше од труење со јаглерод моноксид беше пренесено во Одделот за ендокринологија и неврологија и сега е заедно со нејзината мајка, која исто така страдаше од труењето, но не беше во животна опасност“, потврди педијатар Татјана Шатиповиќ-Арделиќ.
        
Според неа, петгодишното момче, кое исто така страдаше од труење со јаглерод моноксид, сè уште е во Одделот за интензивна нега каде се спроведуваат сите мерки за интензивна нега.
        
На 13 август, 57-годишен маж почина од труење со јаглерод моноксид на брод на Хвар, а петмина биле пренесени во болница во Сплит поради здравствени проблеми. Меѓу нив имаше и две деца чии животи беа загрозени. Сите шестмина затруени на бродот на Хвар се италијански државјани.

Прикажи повеќе...

Регион

Грчкиот митрополит осуден за говор на омраза поднесе оставка

Објавено пред

Контроверзниот грчки митрополит од Калаврит, Амвросиос, кој важи за жесток грчки конзервативец, денеска поднесе оставка, пренесуваат грчките медиуми. Тој е познат по острите изјави против оние за кои тврди дека делуваат „нехристијански“, вклучително и хомосексуалците, мигрантите и политичарите.

Амвросиос (81) објави оставка за време на денешната литургија. Тој беше митрополит во Калаврит, во јужна Грција, од 1978 година.

Амвросиос го привлече вниманието со поддршката на крајната десничарска, анти-имигранстка партија „Златна зора“, која сега е во распад, а нејзините функционери се на судење или во затворите.

Оваа година, судот го осуди Амвросиос поради говор на омраза кон ЛГБТ лицата. Доби само условна казна од 7 месеци затвор.

Минатата година изјави дека смртоносниот пожар со стотина загинати во близина на Атина, бил „божја казна“ за тогашниот „атеистички“ левичарски премиер, Алексис Ципрас.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Објавено пред

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти.

Тој ги нападнал другите само три дена откако доброволно се пријавил во оваа психијатриска установа.

До крвавиот инцидент дошло утрово во 3 часот, во две различни одделенија. Пациент (38) прво го нападнал својот цимер, а потоа влегол во женското одделение, каде со истиот држач за инфузија, почнал да ги удира пациентките.

Усмртил четворица луѓе, а деветмина ранил, од кои двајца се во кома. Сите жртви имаат над 60 години и патат од различни психички проблеми.

Полицијата го привела напаѓачот. Во моментот кога го апселе, тој во рацете се уште имал дел од држачот за инфузија, со кој ги убил другите пациенти.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет27 минути

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија51 минута

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет1 час

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Топ2 часа

Изгаснат пожарот кај Пинтија, ново жариште кај Сопиште

Пожарот над скопската населба Пинтија, кој избувна претпадне е ставен под контрола. Во пожарот беше зафатена мешана шума на поголема...

Спорт3 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија7 часа

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион7 часа

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет9 часа

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет10 часа

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет10 часа

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет11 час

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет23 часа

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет23 часа

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион24 часа

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион1 ден

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Свет1 ден

Јункер итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер...

Свет1 ден

Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил...

Регион1 ден

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ1 ден

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Досие