Daily news
Ердоган: Турција подготвува нова револуција
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика Турците кои живет во Европа да им одговорат на внуците нацисти, гласајќи „за“ на референдумот на 16-ти април, со што претседателот на државата ќе добие поголема моќ.
Ердоган ја поздрави мобилизацијата на Турците во Европа кои веќе почнаа да гласаат во турските конзулати. „Излезете во голем број на гласачките места, дадете им соодветен одговор на оние кои вршат притисок врз нас употребувајќи фашистички методи, на внуците на нацизмот”, рече тој.
Оваа изјава доаѓа по заострувањето на односите помеѓу Турција и ЕУ. Во последните недели повеќе европски држави им забранија на турските политичари да држат митинзи во Европа, пред се во Германија и Холандија. Ердоган во повеќе наврати рече дека овие одлуки се “нацистички”./крај/мф/вд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
