Регион
Мирна ноќ во Косово и Метохија – повлечени барикадите

Ноќта во Косово и Метохија помина мирно. Барикадите што граѓаните од северот на Косово и Метохија ги поставија во текот на попладнето, по нападот на специјалните единици на РОСУ, беа отстранети синоќа.
Реагираа и многубројни амбасадори, а Амбасадата на САД во Приштина соопшти дека „ниедно насилство, без разлика дали е насочено против владата, медиумите или граѓаните, не е прифатливо“.
Светските медиуми објавија дека 20 лица се повредени при вчерашната интервенција на безбедносните сили на Приштина, како и дека граѓаните од српска националност на северот се вознемирени и загрижени за сите овие настани.
Драматичните сцени видени во текот на денот во Косовска Митровица ги кренаа на нозе граѓаните на Белград, кои синоќа одржаа митинг за поддршка на Србите во Косово и Метохија пред собранието на Србија во Белград, а закажаа нови за сабота пред Амбасадата на САД.
Освен ранетиот Софрониевиќ, чија состојба се стабилизира по операцијата, граѓаните дополнително ги вознемири веста дека бруталната акција на специјалните единици на косовската полиција значително влијаела врз смртта на Верица Џелиќ (71) од Звечан, во чиј двор косовските специјалци истрелале голема количина солзавец и шок-бомби, а која, според зборовите на нејзиниот син Игор, починала поради стресот и задушувањето што ги добила во тоа време.
Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на вчерашната посета на Рашка најави дека Србија ќе го одбрани својот народ во Косово и Метохија со пораката: „Нема повлекување“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Курти: Не добив соодветни аргументи за формирање за Заедницата на српските општини

Косовскиот премиер Аљбин Курти смета дека европскиот предлог е добра основа за договор со Србија и дека е подготвен да разговара за договорите постигнати во Брисел, но рече дека не добил соодветни аргументи за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО).
Курти рече дека „не смета дека е неопходно да се создаде ЗСО, но оти е подготвен за дискусии за правата на немнозинските заедници“.
Откако го видел француско-германскиот предлог, вели тој, оттогаш преговараат за постигнување договор.
Регион
Дачиќ: ЗСО останува главната точка на сите наши договори за Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Заедницата на српските општини (ЗСО) останува главната точка на сите договори за Косово и дека таа мора да биде формирана според договорените принципи.
„Во бриселскиот договор од 2013 година јасно пишува што е ЗСО, уште подетално е регулирано во договорот од 2015 година, а ние го потпишавме затоа што е добро за нашата заедница на Косово“, изјави Дачиќ за „Политика. “.
„Договорот не е идеален, но во услови во кои го преговаравме е максимумот што можевме да го постигнеме“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека овие договори се круна на учеството на Србија во дијалогот со посредство на Европската Унија, која самата се обврза да ги спроведе потпишаните.
Според неговото мислење, никогаш немало причина да не се спроведе договорот, освен упорното одбивање на Приштина да го спроведе и неограничената толеранција на западните посредници за нивно уништување.
Регион
Европската Унија бара oд Босна и Херцеговина да воведе визи за граѓаните на Русија

Европската Унија бара од Босна и Херцеговина како земја кандидат да воведе визи за граѓаните на Русија, потврдија за порталот „Радиосарајево.ба“ од Делегацијата на Европската Унија во Сараево.
Фердинанд Коениг, портпаролот на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, истакна дека Делегацијата на ЕУ очекува Босна и Херцеговина да ги почитува надворешната, безбедносната и визната политика на ЕУ.
„Последниот извештај објавен во октомври кажува многу за усогласувањето на надворешната политика“, додава Коениг.
Откако БиХ стана кандидат за членство во Европската Унија, прашањето за усогласување со визната политика на ЕУ доби важност и Делегацијата на ЕУ очекува тоа прашање да се најде на дневен ред.
БиХ има безвизен режим и со Турција, Азербејџан, Бахреин, Кувајт, Катар и со Оман.