Контакт

Билтен

Притворена сопругата на осомничениот терорист, нови детали од истрагата

Објавено пред

По објавувањето на фотографијата на терористот осомничен дека го извршил грозоморниот напад на новогодишната ноќ во ноќниот клуб „Reina“ во Истанбул во кој загинаа 39 луѓе, почнаа да се откриваат неверојатни детали околу настанот.

 

За Макфакс од Истанбул, Асуде Абдул Кочан

Меѓу притворените 12 лица по нападот се наоѓа и неговата сопруга. Според нејзините изјави дадени на полицијата, кои ги пренесуваат медиумите, терористот заедно со сопругата и двете деца на 20-ти ноември допатувал со авион од Киргистан во Истанбул а потоа се префрлил во Анкара.

На 22-ри ноември преминал со семејството во градот Конја, каде изнајмил стан во висина од 1.100 турски лири (околу 300 евра) и однапред исплатил три кирии. Се известува дека дошол во Турција со намера да најде работа. На 29-ти декември се префрлил во Истанбул.

Притворената сопруга на терористот изјавила дека дознала за нападот од телевизија и дека не знаела дури ни дека сопругот ѝ бил симпатизер на Исламската држава.

Се шпекулира дека по објавувањето на фотографиите на терористот во турските медиуми и селфи-видеото на самиот терорист во кое јасно се гледа дека тој шета по централниот дел на Истанбул –Таксим, полицијата добила голем број повици од жителите кои живееле во околината на станот во Конја што го изнајмил терористот.

За видеото се шпекулира дека било објавено на веб страницата на Исламската држава и дека било снимено со одредена намера. Во понеделникот во населбата Зејтинбурну во Истанбул турската полиција спроведе широки операции за пронаоѓање на терористот чие име сѐ уште не се објавува.

Од друга страна, според изјавите на персоналот на клубот „Reina“, кои ги пренесуваат турските медиуми, неколку дена пред нападот се чувствувала извесна напнатост меѓу персоналот на клубот, бидејќи имало гласини дека во соседниот клуб дошле тројца непознати лица кои извршиле набљудување на објектот и дека затоа била известена и полицијата.

„Такви озборувања постоеја меѓу келнерите и јас трипати поминав низ полициска контрола доаѓајќи на работа. Имаше големо обезбедување и не можам да сфатам како успеа да влезе овде… Таа ноќ дури и такси возилата се контролираа, мислевме дека покрај такви големи мерки на безбедност не е можно да се случи ништо“, изјавил диск-џокејот на клубот Абдулах Џан Сарач за весникот Hurriyet./крај/мф/аак

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Алварез промашуваше, Фермин не – Барселона го победи Атлетико

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1, во 12-то коло од Ла Лига. Фантастичен фудбалски натпревар одиграа...

Забава7 часа

Оваа есенска намирница е богата со бета-каротен, витамини и влакна

Како што времето станува постудено, тиквите – намирница која може да се подготви на безброј начини – стануваат сè позастапени...

Спорт8 часа

(Видео) Интер стави крај на бајката на Комо

Шампионот Интер стави крај на победничката серија на Комо, од шест триумфи на во сите натпреварувања. Интер во 11-то коло...

Спорт8 часа

Норис победи во Бразил – Мерцедес ја освои титулата меѓу конструкторите

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Бразил, 20-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. По...

Свет8 часа

Трамп му се закани на Иран: „Можеме да уништиме 38 нивни мостови за еден час“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нови напади врз Иран се „малку веројатни“, под услов да се постигне напредок во...

Спорт8 часа

(Видео) Спектакл во Манчестер: Јунајтед два пати се врати од два гола негатива, освои бод против Астон Вила

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа нерешено 4:4 (2:2) во спектакуларен натпревар од 10-то коло од Премиер лигата....

Свет8 часа

Навивачи пропаднаа низ трибина на стадион во Норвешка

За време на фудбалски натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Бодо/Глимт, најмалку пет навивачи пропаднаа низ трибина на стадионот;...

Свет9 часа

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во Израел: „Близу сме до точката од која нема враќање“

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“, вети ново раководство кое ќе го извлече Израел од длабока криза, откако претседателот...

Спорт10 часа

Доминантна победа на Бецеки во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на трката за Големата награда на Катар. Италијанецот на патеката „Лосаил“ победи пред Марк...