Daily news
Ројтерс: ГЕРБ очекува да се состави влада до крајот на април
Најголемата бугарска политичка партија, десно-центристичката ГЕРБ очекува до крајот на април да состави влада во коалиција со трите националистички партии.
„Бојко Борисов повторно ќе биде премиер„, рече во понеделникот висок член на партијата, пренесува Ројтерс.
ГЕРБ ги информира “Обединетите патриоти”, националистичка коалиција составена од три партии дека премиерското место не е предмет на дискусија за време на преговорите за составување на коалиција.
“Премиерот во следната влада, која претпоставувам ќе биде составена кон крајот на овој месец (април) … ќе биде Бојко Борисов”, изјави за медиумите Владислав Горанов, пратеник и член на преговарачкиот тим на ГЕРБ.
“Во тоа нема сомнение”, додаде Горанов.
Овие коментари на Владислав Горанов доаѓаат по изјавата на еден од националистичките лидери дека Бојко Борисов не треба да е на чело на следната влада.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
