Билтен
Црна Гора чекор поблиску до приемот во НАТО
Подгорица се наоѓа на чекор поблиску до влез во НАТО, откако во понеделник вечер американскиот Сенат даде зелено светло за завршување на расправата за ратификацијата на договорот со кој Црна Гора би станала најмладата членка на Северноатланскиот сојуз, на што се противи Русија.
Сенаторите гласаа со 97 наспроти два гласа во полза на завршувањето на расправата за приемот на Црна Гора, што ќе овозможи конечно гласање во Сенатот кон крајот на неделата за влез на оваа поранешна југословенска република во НАТО.
Против беа двајца републикански сенатори Ренд Пол и Мајк Ли, кои сметаат дека нема смисла да и се гарантира безбедност и одбрана на толку мала земја.
Конечното гласање кое ќе му дозволи на претседателот Доналд Трамп да го ратификува договорот, би требало да се одржи во вторник или среда вечер. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
