Регион
БиХ: Телата на 127 жртви од геноцидот испратени кон Сребреница
Посмртните останки на 127 Бошњаци убиени во злосторството кое е квалификувано како геноцид во 1995 година во Сребреница, пренесени се во саботата овој град каде ќе бидат погребани на 21-годишнината од одбележувањето на едно од најголемите воени злосторства извршени во Европа по Втората светска војна.
Колоната со посмртните останки на патот од мртовечницата во местото Високо се запре во Сараево пред зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина, каде насобраните луѓе им одадоа почести на жртвите. Молитвата за сите убиени во Сребреница ја водеше поглаварот на Исламската заедница во БиХ, Хусеин Кавазовиќ.
Најмладата жртва чии останки беа во колоната е момче кое во јули 1995 година кога е убиено имало само 14 години,а најстариот кој ќе биде погребан во понеделник имал 77 години.
На испраќањето на останките на 127т-е жртви во Сараево не присуствуваше ниеден од високите државни функционери на БиХ, но затоа имаше претставници на меѓународните организации и на амбасади.
Меѓу нив беше и вршителот на работи во амбасадата на САД, Питер Даи, кој рече оти во името на американскиот народ дошол да ја искаже солидарноста со членовите на семејствата кои ги испраќаат своите мртви.
„Го правиме тоа, бидејќи знаеме колку тие пателе. Ова никогаш нема да биде лесно, бидејќи секоја година ова е многу емотивен настан“, изјави американскиот дипломат, иако и во саботата за босанските медиуми многу членови на семејствата на жртвите критикуваа дека и меѓународната заедница и тогашното бошњачко водство не вложиле вистински напори во спречување на трагедијата иако 27 месеци се водела битката за Сребреница.
Закопот на 127-те жртви ќе биде дела од традиционалната годишна комеморација која на 11-ти јули ќе биде организирана во меморијалниот комплекс во Поточари крај Сребреница.
Според најавите, се очекува доаѓање на илјадници учесници, а верскиот обред ќе го предводи реис Кавазовиќ. На комеморацијата покрај претседателот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ говори ќе одржат и Теодор Мерон, долгогодишен судија на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија и сегашен претседател и сегашниот претседател на Резидуалниот механизам за кривични судов при Обединетите нации./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

