Регион
Блокирана бугарско-грчката граница, сообраќајот се насочува кон Турција и Македонија
Патниот сообраќај меѓу Грција и Бугарија во петокот е насочен кон соседните земји Македонија и Турција, бидејќи гневните бугарски возачи на камиони ги блокираа сите гранични премини меѓу двете земји, објави бугарската гранична полиција.
Откако главниот гранични премини Кулата–Промахонас уште од вторникот беше затворен за целиот сообраќај, бугарските возачи на камиони во петокот ја проширија својата кација на протест на уште другите пет бугарско-грчки гранични премини и предизвикаа големи пореметувања во сообраќајот.
Синдикатот на бугарските превозници појасни дека оваа мерка претставува протест против блокадата на камионскиот сообраќај којашто ја спроведуваа грчките земјоделци, поради што бугарските возачи остануваат заробени со стоките и без вода и храна на патиштата низ Грција.
Грчките земјоделци од почетокот на февруари правата подолготрајни прекини на сообраќајот и прометот со стоки на границите со Македонија, Грција и Турција, протестирајќи против реформите на пензискиот систем што ги воведува грчката влада како дел од договорот со меѓународните кредитори во замена за третиот пакет финансиска помош во износ дополнителни од 86 милијарди евра.
Бугарскиот парламент во специјална декларација објавена во петокот побара од Европската комисија да покрене прекршочна процедура против Грција и да гарантира слободно движење на стоките.
Заменикот на претседателот на бугарските синдикати на превозници Красимир Лалов изјави дека блокадата ги погаѓа и другите, а не само бугарските превозници. Во четвртокот премиерот Бојко Борисов ја обвини Грција дека намерно сака да им наштети на Бугарите. Имено, патниот транспорт има голема важноста за бугарската економија, и Бугарија е петтата земја во Европа според бројот на возачите на товарни камиони./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

